Празнични радости за дечињата од Здр. за умствен развој на деца

Декември е еден од највеселите месеци, а како одбројуваат деновите пред Новата година, така еуфоријата и празничната атмосфера го зафаќаат секого од нас, особено децата. Овој дел од годината е најубавата шанса на некое дете да му го разубавите секојдневието и да му подарите нешто кое што пријатно ќе го изненади.

Првиот специјализиран центар против стареење во Македонија, Promoitalia, продолжува да не изненадува со својата овогодошна акција по повод новогодишните и божиќните празници.

Имено, по неодамнешната посета на Детската Клиника во Скопје, кога ги изненади и израдува дечињата сместени на таа клиника, подарувајќи им новогодишна елка со полно подароци, вчера ги посети и децата и персоналот во Куманово, кои се ангажирани околу спроведувањето на програмата Brainobrain.

Здружението работи со лиценцирани програми за развој на ментални и интелектуални вештини кај децата во предучилишна и училишна возраст и развој на функционалното здравје, каде акцентот е особено ставен на талентираните деца.