Прес

20861265_10211242142384386_1951628101_o

ИНДИВИДУАЛНИ ОБУКИ ВО ААЦ PROMOITALIA

Дефиниција за естетската медицина :

Естетска медицина подразбира медицинска специјалност, која ја спроведуваат регистрирани и лиценцирани лекари, која опфаќа широк спектар на хируршки и нехируршки процедури или третмани, вршени со локална анестезија, за да се обнови, зајакне или модифицира изгледот, анатомијата или физиологијата на кожни, поткожни ткива или поврзани структури, со употреба на техники кои ги комбинираат естетските размислувања со третманот или спречувањето на болести, нарушувања или услови во промовирањето на физичкото и менталното здравје на пациентите.

Anti Aging Center by Promoitalia e овластен тренинг центар во естетската медицина кој нуди курсеви за обука на Ботокс и Дермални филери, Мезотерапија, PRP третман, Хемиски пилинзи и Мезоконци, како и Освежителни Базични и Напредни обуки. Ние сме број 1 козметички провајдер во Македонија и посветени сме на највисоките стандарди за нехируршка козметичка инјектибилна обука во согласност со најновите владини упатства. Нашата Академијата за медицинска обука се разликува од останатите обучувачи, не само со водење на курс за обука, туку и со обезбедување на нашите делегати со квалификација за естетска медицина.

Advanced-Botox-Dermal-Fillers-Training (1)

Ние ги обучуваме нашите кандидати на Базични и Напредни курсеви за Ботокс и Дермални филери, Напреден Мастерклас за комплетно контурирање на лицето, Мастерклас за филер на усни, Мезотерапија, PRP третман, Хемиски пилинзи и Мезоконци. Ние ги обучуваме лекарите, стоматолозите, медицинските сестри, акушерки, фармацевти и други медицински професионалци, како и козметичари. Нашите курсеви ви даваат многу практично искуство на живи козметички модели и ви овозможуваат да започнете да вежбате веднаш по обуката. Искусните лекари можат да ги прошират своите знаења за естетиката на лицето на нашиот Мастерклас.

Како доказ за успешно завршена обука се добива Сертификат, и истиот може да се користи според важечките прописи во Р.Македонија.

net

 

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

20400996_10211086562134977_654895955_n

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА ХИЈАЛУРОНСКИТЕ ФИЛЕРИ

ШТО Е ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕР?

Хијалуронски филер е биоразградлив гел на база на хијалуронска киселина, подготвен во стерилни шприцови за еднократна употреба, подготвени за вбризгување под кожата. Хијалуронска кисeлина е природна супстанца која е застапена во човечкото тело и во кожата. Со текот на годините се намалува количеството на хијалуронската киселина во кожата, што доведува до појава на брчки и опуштена кожа. Со филерите се враќа изгубеното количество на хијалурон, што доведува до свежа, позатегната, еластична и хидрирана кожа.

 

КОГА СЕ КОРИСТИ ФИЛЕР?

Хијалуронската киселина во облик на хијалуронски филер се користи за зголемување и обликување на усните, потенцирање на работ на усните и подигање на аглите на усните, пополнување на брчките и браздите на лицето, вратот и деколтето. Филерите се брз и ефикасен начин за нагласување на јаболчниците и обликување на паднатите образи, враќање на тонусот на лицето и разубавување на контурите на лицето. Со филерите се третираат подочниците, дланките, и лузни на лицето и на останатите делови од телото. Хијалуронските филери не ја реметат мимиката.

Хијалуронот ни овозможува во потполност да го вратиме изгубениот тонус, што дава исклучително подмладен ефект. Корекција на брчките се прави по потполно природен физиолошки пат, а кожата го враќа својот младешки изглед. Хијалуронските филери се идеална алтернатива за пациенти кај кои не е потребна хируршка интервенција за подобрување на изгледот, за лица кои не се подготвени за естетска хирургија и за пациенти кои и после естетската хирургија можат да имаат подобри резултати со додавање на волумен со хијалуронски филер.

 

ДАЛИ ПРОЦЕДУРАТА Е НАМЕНЕТА САМО ЗА ЖЕНИТЕ?

Апсолутно не. Третманот со хијалуронски филери е наменет за двата пола, зависно од потребите и желбите на пациентот.

dermal-filler-treatments-men-wrinkle-removal_big

 

КАКО СЕ ИЗВЕДУВА ТРЕТМАНОТ?

По напавениот преглед и консултација избраната регија за третирање се чисти, дезинфицира и се обележуваат местата за инјектирање. Третманот се работи најчесто во седечка положба. Во текот на процедурата филерот се вбризгува во мали количества под кожата со помош на многу тенка игла или канила. Гелот и дава волумен на вдлабнатината под брчките, ја подига и на тој начин ја израмнува кожата на лицето.

 

КОЛКУ ТРАЕ ТРЕТМАНОТ?

Времетраењето на третманот зависи од бројот на третираните регии, па за секоја регија се одвојуваат  околу 15 минути.

 

КОЛКУ ТРЕТМАНИ СЕ ПОТРЕБНИ?

За повеќето регии со еден третман може да се постигне посакуваниот резултат, а за одредени регии се препорачува да се работат во неколку фази, со истиот филер, заради поубав резултат.

 

КОГА СЕ ГЛЕДААТ РЕЗУЛТАТИТЕ?

Веднаш после третманот се забележува подобрување на третираната регија.

 

КОЛКУ ДОЛГО ТРАЕ ЕФЕКТОТ?

Во зависност од видот на филерот и регијата која се третира, траењето на ефектот е од 6 -18 месеци.

 

ДАЛИ Е ПОТРЕБНА АНЕСТЕЗИЈА?

За повеќето пациенти аплицирањето на филер е релативно безболно. Во повеќето случаи се нанесува на кожата локален анестетик во вид на крем или се користат филери од најновата генерација со кои располагаме, кои во себе содржат анестетик, па процедурата ја прават исклучително комфорна. Можната нелагодност во текот на третманот е минимална и краткотрајна.

 

КАКО ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ?

Поради можност од појава на благ оток се препорачува ставање на ладни облози на местото на апликација на филерот, по 10 минути на денот на третманот и ден после третманот. Не се препорачува масирање на третираната регија. Шминка може да се користи после 12 часа од интервенцијата.Веднаш после третманот пациентите можат да се вратат на секојдневните активности.

botox-questions-you-should-ask

КОЛКУ ЧЕСТО СЕ ПРАВАТ ТРЕТМАНИТЕ?

Заради одржување на постигнатите резултати третманите се работат еднаш годишно или по потреба. Не постои ограничен број на аплицирање на хијалуронски филер во текот на животниот век.

 

ШТО СЕ СЛУЧУВА ДОКОЛКУ ТРЕТМАНОТ НЕ СЕ ПОВТОРИ?

Во случај да не се повтори третманот, со текот на времето лицето постепено ќе изгледа како и пред третманот.

 

НА КОГО НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА?

Хијалуронските филери не ги препорачуваме на пациенти со инфекции во региите за третирање, автоимуни заболувања, кај пациенти со нереални очекувања, трудници и доилки.

 

КОИ СЕ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ?

Веднаш после третманот видливо е благо црвенило и благ оток кои поминуваат за неколку часа. Ретко се случува да се појави хематом кој поминува за 4-7 дена. Многу ретко, доколку настанат поткожни топчиња, можат да се отстранат со инцизија или хијалуронидаза. Но ова се нус појави кои се краткотрајни и како такви не би требало да претставуваат никаков проблем.

 

ДАЛИ МОЖАТ ДА ПРЕДИЗВИКААТ АЛЕРГИСКА РЕАКЦИЈА?

Хијалуронските филери се произведуваат со биотехнолошка постапка,во облик на стерилен проѕирен гел. Предност на модерните филери е во тоа што не се перманентни, за разлика од старите силиконски филери, и истите се подолготрајни од застарените колагенски филери. Дополнителна предност на хијалуронските филери е во тоа што не предизвикуваат алергиска реакција и нема потреба да се прават алергиски тестови, бидејќи не се од животинско потекло, за разлика од колагенските филери.

 

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДАМ ПОСЛЕ ТРЕТМАНОТ И КОЛКУ ДОЛГО ЌЕ ТРЕБА ДА ОТСУСТВУВАМ ОД РАБОТА?

Веднаш после третманот може да се појави благо црвенило и неколку црвени точки на местото на убодот. Сето тоа поминува најмногу за 12 часа, така да нема потреба за отсуство од работа после оваа интервенција. Ќе изгледате свежо, природно и подмладено.

 

ШТО СЕ СОВЕТУВА ПОСЛЕ ИНТЕРВЕНЦИЈАТА?

После интервенцијата совет е да не се конзумира алкохол барем еден ден, да немате голем физички замор или тренинг барем еден ден, 3 дена да се избегнува базен, сауна, сонце и солариум.

 

НА КОИ МЕСТА СЕ ВБРИЗГУВААТ ДЕРМАЛНИТЕ ФИЛЕРИ?

-Лузни од акни

-Назолабијални брчки (линиите од носот кон усните)

-Марионетните линии (линиите од усните кон брадата)

-Брчки од смеење (страничните линии од усните)

-Подочници

-Брчки од мрштење

-Пушачките брчки (брчки околу усните)

Се користат уште и за:

-Ремоделирање на носот

-Зголемување на усните

-Обликување на контурите на усните

-Подигање на аглите на усните

-Подигање на опуштената кожа на лицето

-Обликување на брадата

-Обликување на веѓите

-Контурирање на лицето

-Зголемување на јаболчниците.

20370474_10211086562094976_187386981_n

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

 

net

Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Anti Aging Center by PROMOITALIA,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

 

 

 

cover

РЕЗУЛТАТИ СО КОИ СЕ ГОРДЕЕМЕ

Со досегашната работа изградивме бројни пријателства со нашите пациенти кои ни веруваат во потполност и доаѓаат кај нас,не само за да го направат тоа што го одлучиле,туку и да им предложиме што треба да се направи на нивното лице и тело.

За да дојдеме до ова ни требаше многу работа и усовршување,многу добри резултати кои станаа наша најдобра реклама.Некои од тие резултати заслужуваат да ги поделиме со вас.

20217316_10211027839144571_461491245_n

ЛИФТИНГ СО ХИЈАЛУРОН

Е НАВИСТИНА ВОЗМОЖЕН И ДАВА ЧУДЕСНИ РЕЗУЛТАТИ

Нашата драга клиентка,која има 42 години,ни се обрати за помош,бидејќи “не може повеќе да ги гледа” длабоките назолабијални брчки кои се протегаат од носот до аголот на усните кои даваа на нејзиното лице уморен и тажен изглед.

Прегледот во потполност го потврди нејзиното доживување на сопственото лице,па и предложивме проблемот да го решиме со надокнадување на волуменот во средишниот дел на лицето,со што би се постигнал лифтинг на долниот дел на лицето,но и ќе ги отстраниме подочниците.

Третманот го почнавме со апликација на ботокс (Dysport) меѓу веѓи за да ги отстраниме брчките во таа регија,но и за да ги подигнеме веѓите и малце да ги “отвориме” очите кои,и ако преубави,не доаѓаа до израз.

Во следниот третман користевме хијалуронски филер за надокнада на волуменот на средниот дел на лицето,понатаму хијалуронски филер за освежување на усните и уште еден филер за отстранување на сенките и брчките од брадата,како и за бришење на триаголникот во аголот на носот.На овој  начин,по потполно нехируршки пат,постигнавме одличен ефект на подмладено лице,при што лицето на нашата клиентка остана исто,препознатливо,но многу посвежо и поведро.Ни беше благодарна,но и тимот на Promoitalia и беше благодарен на неа бидејќи ни веруваше и ни даде потполна слобода во изборот на методите.И се оддолживме со најдобар можен резултат,со најмала можна количина на потрошен материјал.Постигнатиот ефект ќе трае околу 2 години.

1

 

ЕВЕ ЗОШТО

ГО САКАМЕ БОТОКСОТ

 

Често викаме дека го обожуваме ботоксот бидејќи со него можат да се постигнат прекрасни резултати на најлесен можен начин.Пример е нашата пациентка (39 години) која ни се пожали на брчките околу очи,кои посебно доаѓаа до израз кога ќе се насмее.

Предлогот беше – ботокс,со оглед на тоа што тие брчки се резултат на работата на мускулите кои се активираат при смеење собирајќи ја кожата која се наоѓа над нив.

Ботоксот го аплициравме за само неколку минути,во регијата која создаваше најмногу проблеми.Немаше траги дека е работено било што и нашата пациентка веднаш се врати на секојдневните активности.

После 14 дена ја замоливме да се врати на контрола како би го виделе резултатот и во таа прилика да направиме фотографија.Ботоксот тогаш го имаше максималното дејство,брчките веќе не се создаваа,а нејзината природна насмевка доаѓаше до полн израз.

Така ќе биде во наредните 6-8 месеци кога третманот може безбедно да се повтори.

2

 

КОГА НИШТО НЕ ПОМАГА

ТУКА СЕ КОНЦИТЕ

 

Ботоксот и хијалуронот се навистина моќни средства за подмладување на лицето,но не се и семоќни.Со годините кожата се повеќе се опушта,па во одреден момент таа почнува да виси и тогаш единствен избор е лифтингот со конци.

Таков беше случајот и со нашата 51 годишна пациентка која ни се обрати за помош бидејќи нејзиното лице веќе не беше нејзино:тонусот на лицето скоро и да не постоеше,овалот беше нејасен,кожата висеше преку виличната коска.И сметаше спуштениот агол на усните бидејќи и даваше тажен изглед,а тоа го нагласуваа длабоките назолабијални брчки.

При изборот на третманот немаше многу опции,всушност лифтингот со конци беше единствено решение.И тоа е направено.

И ако ефектот на лифтинг беше видлив веднаш после завршување на интервенцијата,дури на контролниот преглед,после месец дена,се виде потполниот резултат : аглите на усните беа кренати во нормална положба,марионетните и назолабијалните брчки беа помалце видливи,вратен е волуменот на средното лице и добиен е нов,појасен овал.

Полн ефект на конците ќе се добие после 3 месеци од третманот,а резултатите траат 3-5 години.И она што е најдобро,освен  што го решава проблемот со тонусот на долната третина од лицето,со оваа метода се спречува понатамошното паѓање на кожата и повторното губење на тонусот.

3

НЕКОГАШ ТОА ГО МОЖЕШЕ САМО ХИРУРГИЈА,

А ДЕНЕС ГО ПОСТИГНУВААТ ИНЈЕКЦИИТЕ СО ФИЛЕРИ

 

Брадата е главниот дел на профилот,така да,недостатоците на неа,посебно во вид на увлечена брада,можат да го упропастат и најубавото лице.До пред неколку години проблемот со брадата можеше да се реши само по хируршки пат,со период на опоравување кој трае и до три месеци.

Кај нашата млада пациентка овој проблем го решивме со аплицирање на специјален хијалуронски филер,едноставно и безболно,за само 15 минути.Брадата стана порамна и позатегната,со што е поправена хармонијата на целото лице.

Ефектот трае околу година дена,после што овој едноставен третман може да се повтори без никакви компликации.

4

НИЕ НЕ ГИ ПОЛНИМЕ УСНИТЕ

ТУКУ ИМ ДАВАМЕ СВЕЖИНА И ИДЕАЛЕН ВОЛУМЕН,

СОВРШЕНО ПРИЛАГОДЕН НА ЛИЦЕТО

 

Корекцијата на волуменот на усни е една од најбараните процедури во нашиот Центар.Она на што инсистираме е усните да добијат волумен и свежина,но да останат природни и во хармонија со целото лице.

Благодарение на најновите видови на хијалуронски  филери,со нашето искуство и применети техники,тоа е можно да се постигне,така да пациентите можат да бидат сигурни дека нивните усни после интервенцијата ќе останат и понатаму нивни и дека совршено ќе прилегаат на нивното лице.

5

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

maleficent-2014-angelina-jolie-movie-1920x1080

КАКО ДА ДОБИЕТЕ ЈАБОЛЧНИЦИ КАКО НА ФИЛМСКИТЕ ЅВЕЗДИ

Овој тренд го воведоа црно-белите филмови со остри контрасти и сенки на лицето,па филмските ѕвезди од овој период биле првите носители на трендот на високи јаболчници,откако медиумите и холивудот не преплавија со модели за убавина.

Анџелина Џоли имаше можеби најизразени јаболчници во филмската индустрија глумејќи ја злобната вила во дизниевиот филм Maleficent.И покрај негативната улога која ја толкувала многумина мислеле дека Анџелина е поубава од кога и да е токму поради јаболчниците кои во филмот требало да ги нагласат острите црти на лицето (и уште поостриот карактер) на главната глумица.За оваа прилика Анџелина немала импланти туку станува збор за специјална 3Д шминка.Анџелина,инаку,покрај полните усни,е позната и по убави и високи јаболчници.

Нагласени јаболчници денес,освен како дар на мајката природа и контурирање на лицето со шминка,можат да се добијат со разни естетско-медицински процедури.Ви ги презентираме овие постапки,со приказни за познатите жени кои го прославија ( и поставија) трендот на високите јаболчници.

ФИЛЕРИ

Кетрин Хепберн е жената која ја раздвижи опсесијата за драматични јаболчници.Специфичната конструкција на коските на лицето на Кетрин на црно-белите фотографии и филмови давала прекрасен ефект на игрите на сенки на лицето.

аил

Хијалуронските филери не биле познати во времето на Хепберн ,па во тоа време жените кои не биле обдарени со ваква убавина можеле само да воздивнуваат.Денес со филери можат да се корегираат јаболчниците.Ова е безбеден и наједноставен начин за зголемување на јаболчниците,но и најкраткотраен по резултатите.Skinfill на Promoitalia се квалитетни филери со соодветна густина и конзистенција за контурирање на лицето,а нивната трајност е 6-9 месеци.

 

ПРЕСАДУВАЊЕ НА МАСТИ

Софија Лорен ги имала тие јаболчници,но и усни и очи,кои шеесетите години од минатиот век ги жареле и палеле машките срца и женската завист.Софија своите прекрасни јаболчници не ги изгубила ниту кога остарела,иако е познато дека изразеноста на јаболчниците се губи со стареењето.Зошто?Со прераспределбата на мастите во зоната на лицето,јаболчниците ја губат истакнатоста,а снимки со скенер докажуваат дека дури и коските со текот на времето се повлекуваат.Како резултат имаме “испиен” изглед на лицето.

дф

Трансфер на сопствените масти е трајно и одлично решение да добиете јаболчници како на Софија Лорен.Мастите се земаат од делови каде што ја има доволно,стомак или нозе,на пример,и по обработката се вбризгуваат во длабоките слоеви на кожата на лицето.Иако често е потребно мастите да се дополнат повеќе пати,третманот дава оптимални,природни и трајни резултати.Еднаш извадените масти се чуваат во специјални услови за евентуална дополна.Процедурата за трансфер  на сопствените масти во нашиот Центар се вика Prolipostem.

 

РАЗГРАДЛИВИ КОНЦИ

Кејт Бланшет има јаболчници кои се во прв план кога ќе ја погледнете,а сепак се толку складни со обликот и другите црти на нејзиното лице.Ускладувањето е нешто кон кое тежнееме кога сакаме да изгледаме поубаво,па доколку се решите за зголемување на јаболчниците,барајте таква процедура со која јаболчниците нема да изгледаат неприродно на вашето лице.

сџ

Лифтинг на лице со конци овозможува подигање и разубавување на јаболчниците.Патентираната метода на Promoitalia со Happy Lift конците ви овозможува да добиете нов,младешки и посакуван изглед.Ќе ве потсетиме дека не станува збор за тн. мезоконци кои даваат волумен и подобар тонус на кожата,туку за хируршки конци кои исто така се разградуваат,но имаат и разновидни “боцки” кои се закачуваат на ткивото и го подигаат,со ефект на прав лифтинг.

 

ШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ?

Изборот на процедурата е најдобро да ви ја предложи докторот,откако ќе ги послуша вашите желби и ја согледа структурата на вашето лице,неговата симетрија и вашите години.Доколку не сте сигурни како би изгледале со поголеми јаболчници,пробајте го привременото решение со филери.Доколку сте во години,можеби јаболчниците не се единствено решение за вашата младоликост,можеби некоја од фејс лифтинг процедурите би ве направиле задоволни,а со таа операција може да се редефинираат и јаболчниците.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

 

net

 

Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Anti Aging Center by PROMOITALIA,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

oldyoung

КОЛАГЕН

 

Што е колаген?

Колагенот е главен структурален протеин во кожата. Неговата основна улога е во создавање на структурата на клетките, ткивата и органите. Кога не би имале колаген, нашето тело буквално би се распаднало. Колагенот и дава на кожата сила и издржливост, допринесува за младешкиот и здрав изглед на кожата.

Колагенот го сочинуваат три протеински синџири, споени во еден. Оваа единствена структура го прави колагенот поиздржлив и од челикот. Околу 33% од протеините во организмот е колаген. Колагенот се наоѓа во ткивата, органите и коските. Коските се состојат од комбинација на колаген и некои минерали, како што се калциумот и фосфорот.

1K6F_Crystal_Structure_Of_The_Collagen_Triple_Helix_Model_Pro-_Pro-Gly103_05

Колагенот и кожата

Колаген е 75% од нашата кожа, па со тоа, мазна, полна и младешка кожа е одраз на присуство на здрав колаген. Разбирливо е зошто во светот на убавината големо внимание се посветува на третмани кои поттикнуваат создавање  на колаген. Со текот на годините производството на колаген во организмот се намалува и здравиот колаген постепено пропаѓа, па на тој начин се создаваат несаканите брчки и се појавуваат знаци на стареење.

collagen-diagram

Синтеза на колаген

Колагенот се создава во фибробластите (клетки на кожата кои се наоѓаат во дермисот). Во фибробластите се создаваат и други протеини, како еластин (задолжен за цврстина и еластичност на кожата) и глукозамин гликан (поткожен дел кој ја оддржува кожата хидрирана). Не е чудно што препаратите со фактори на раст ( ја поттикнуваат работата на фибробластите) завземаат значаен дел од козметологијата. Витаминот Ц исто така има битна улога во производството на колаген и недостаток на овој витамин може да го успори создавањето на колаген.

Синтезата на колаген се случува континуирано во текот на нашиот живот како би го поправил и заменил оштетениот колаген. Со текот на годините, овој процес трае подолго и обновувањето на колагенот е се послабо, па поради тоа имаме поопуштена кожа, брчки и дехидрирана кожа.

Формирање на колаген

Колагенот е најзастапен протеин во телото. Колагенот го сочинува дури 70% од сувата маса на кожата и клучна компонента е во васкуларниот систем и мускулите. Формирањето на колаген е сложен процес кој се одвива во 7 чекори, од кои 4 чекори се одвиваат во фибробластите, а 3 во цитоплазмата.

Во чекор 1 се случува транскрипција и за тоа е неопходен витаминот Ц. Транскрипцијата е процес во кој ДНК се одвојува од дуплиот ланец во два одвоени ланци како би се овозможило копирање на колагенскиот код. Кодот е транскриптуван како рибонуклеинска киселина (РНК) а потоа излегува од јадрото како гласник РНК (mRNK-messenger RNK). mRNK влегува во едноплазматичниот ретикулум (ЕР) кој го користи како модел за формирање на колаген. Во првиот чекор полипептид се синтетизира во ЕР. Полипептид е почеток на колагенот.

Во чекор 2 полипептидот е модифициран со помош на процесите кои се нарекуваат хидроксилација и гликолизација, кои се неопходни за формирање на крос линковите во следниот чекор.

Чекор 3 произведува троен проколаген, кој исто така се случува во ЕР, и тоа повеќе во грубите ЕР отколку во мазните ЕР.

Последното интрацелуларно формирање, во чекор 4, се одвива во Голџиевиот апарат. Во овој чекор доаѓа до лачење на проколаген кој се излачува од фибробластите во екстрацелуларниот простор за конечно формирање на колагенските влакна.

Во екстрацелуларниот простор се одвива чекор 5, во кој проколагенските влакна телопептиди или термални краеви отсечени со хидролизирање, сега се нарекува тропоколаген.

Во чекор 6 тропоколагенот самостално преминува во колагенски влакна но сеуште не е созреан, до чекор 7.

Во чекор 7 се формира зрел колаген. Витаминот Ц се користи во првиот чекор, и во секој нареден во кој се појавува хидроксилација. Витаминот Ц (аксорбинска киселина) е неопходен за поттикнување на транскрипцијата, формирање на проколаген и екстрацелуларното крос линкување на колагенските влакна.

Чување на здравиот колаген и превенција на идна деградација на колагенот

Превенцијата се започнува во текот на 20-ите години. Две основни насоки во кои треба да се движи превенцијата се:

1.Заштита од УВ и УВБ зраци и

2.Заштита од слободните радикали.

Изложување на сончеви зраци и дејството на слободните радикали се во тесна корелација, па неопходно е да се обрне големо внимание на  заштита на кожата од сончевите зраци, а веќе во доцните 20 години или рани 30 години потребно е да се воведе и козметика која има антиоксидативно дејство. Со овој процес деградацијата на колагенот може значително да се успори, а со тоа кожата подолго ќе го задржи младешкиот изглед.

crazy-about-collagen

Поттикнување на создавање на колаген

Постојат многу начини да се поттикне синтезата на колаген. Првиот, и најбитен чекор е да се обезбеди доволна количина на витамин Ц. Ова се однесува и на орално внесување на витаминот Ц како и на козметика која го содржи овој значаен витамин кој е заслужен за создавање на колаген но е и силен антиоксидант.

Друг начин за поттикнување на создавање на нов колаген е користење на хемиски ексфолијанти (хемиски пилинзи). На овој  начин се стимулира обновување на клетките на кожата.

Трет начин се разни витамински коктели (мезококтели) кои стимулираат синтеза на колаген и вклучуваат фактори на раст. На овој начин се стимулира создавање на колаген но и на други процеси во кожата кои се одговорни за младешкиот изглед.

Најдобрата метода за стимулирање на колаген е секако PRP методата, која е  и наша препорака.

 

Доколку сте заинтересирани за некој од третманите за поттикнување на производството на колаген можете да закажете консултација како би ви препорачале најдобар начин за вас за стимулација на нов колаген.

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

 

hyaluronic-1

КАКО ПОДМЛАДУВА ХИЈАЛУРОНСКАТА КИСЕЛИНА?!

Хијалуронската киселина стана препознатлив препарат за подобрување на изгледот и квалитетот на кожата. Оваа супстанца е составен дел на нашата меѓуклеточна течност, се наоѓа во кожата, структурите на окото, обвивките на зглобовите.

19550853_10210825076638003_1084519459_n

Молекулата на хијалуронската киселина кај сите живи суштества е иста. Токму поради тоа молекулата која ја создаваат инсектите се користи за подмладување а при тоа не предизвикува алергиска реакција.

Хијалуронската киселина е средство кое најсилно се врзува за водата, односно, 1 грам хијалурон може да врзе до 6 литри вода. Кога е во природна состојба се користи само при мезотерапија и хидратација на кожата бидејќи трајноста и е само 3 дена.

За трајноста да биде 6 месеци или година дена потребно е молекулите да се врзат меѓу себе(да се вкрстат). Со вкрстување на молекулите се добива различна густина на гелот  кој се вбризгува.

Со стареењето кожата станува тенка и дехидрирана. Количеството на колаген и еластин се намалува а образите стануваат избраздени. Хијалуронската киселина со мала вискозност може да помогне да се подобри состојбата. Во текот на седум дена молекулите на хијалуронот се врзуваат со молекулите на водата, а кожата станува хидрирана и сјајна.

Процедурата се повторува еднаш месечно во текот на три месеци, а потоа уште еднаш после шест месеци. Добиениот ефект трае и до 2 години.

Целата површина на кожата се полни со мали депоа на хијалурон. Така кожата добива дополнителна влажност и волумен, а со текот на времето се синтетизираат и дополнителни количества на колаген и еластин.

hyaluronic-acid-11-638

Ова е третман кој е прилагоден за хидратација на целата површина на лицето, вратот, деколтето и дланките. Третманот се спроведува со вбризгување на хијалуронот во кожата со голем број на мали убоди. Процедурата е непријатна само доколку кожата претходно не се анестезира со посебен крем кој содржи локален анестетик.

Ефектот е видлив веднаш после третманот и не може ефикасно да се спроведе на друг начин. Дури и кожата која изгледа како свиткан лист од хартија, за која се мисли дека не постои метод со која би можело да и се помогне, веќе после првиот третман е видливо подобрена.

Кога хијалуронот се користи за пополнување на длабоки брчки или обликување на јаболчниците и усните, густината на молекулите е многу поголема а вбризгувањето е подлабоко. Тогаш за оваа супстанца зборуваме како за филер. Хијалуронската киселина е единствен безбеден филер доколку се употребува на адекватен начин.

Повторување на третманот е на годишно ниво и овозможува значително одложување на хируршките процедури.

Третманите со хијалуронска киселина можат да се комбинираат со процедурите ботокс или хемиски пилинг. Ласерските третмани не се препорачуваат бидејќи интензивното загревање на кожата доведува до побрза ресорпција на хијалуронот.

18579398_10210487483558387_1805989659_n

Употребата на хијалуронот во козметологијата е безбедна метода со висок процент на задоволни пациенти.

Несаканите реакции варираат и се сведуваат на краткотрајна преосетливост, појава на модринки, благ оток и минимални оштетувања на кожата од убодот на иглата.

Кај особи со честа појава на херпес постои можност за активирање на инфекцијата при пополнување на усни. Алергиските реакции се сведуваат на појава на црвенило на местото на вбризгување кое трае до 2 недели.

Отокот го снемува после неколку дена и карактеристичен е само за пределот на усните. Модринките се последица на влегувањето на иглата во капилар и се со големина до 5 мм.

Останати несакани ефекти се последица на неадекватното користење на хијалуронската киселина.

Некои хијалуронски филери содржат адитиви кои би требало да им го продолжат дејството, што е најчесто случај со полутрајните и трајните филери, но во многу случаи се одговорни за создавање на грануломи. Грануломот го создава организмот кога не го препознава имплантираниот материјал како свој, па против него се бори обвиткувајќи го со фиброзно ткиво. Грануломите можат палпаторно да се осетат под кожата но често можат да се видат и со голо око. Токму поради тоа во рамките на anti aging  не се користат полутрајните и трајните филери бидејќи задачата е јасна :пред се подмладување на кожата со цел да и се овозможи здрав изглед.

Квалитетниот хијалурон постепено се губи бидејќи претрпува изоволемиска деградација, а кожата ја остава здрава, длабински хидрирана и свежа.

За работа со хијалурон неопходно е искуство.Но, доколку се претера, постои решение во ензимот хијалуронидаза кој го забрзува разградувањето на хијалуронот, но во повеќето случаи е доволно да се почека неколку дена или да се реши евентуалниот проблем со масажа или ултразвук.

Третманот на подмладување со хијалурон трае околу 30 минути.

HTB1Zy8LLFXXXXbAXXXXq6xXFXXXm

Примената на хијалуронот е најчеста при:

-израмнување на длабоки брчки со вбризгување на хијалуронски филер директно во брчката,

-пополнување на усни, подмладување без зголемување или корекција на асиметријата на усните,

-превенција при создавање на брчки и одржување на хидробалансот на кожата на лицето,

-лифтинг на лице со вбризгивање на филери со различна густина во различни слоеви на кожата (liquid lift),

-корекција на линијата на носот,

-зголемување на јаболчниците,

-пополнување и корекција на подочниците,

-подмладување на дланките,

-подмладување на кожата на деколтето.

beneficios-acido-hialuronico

Сите наведени процедури успешно ги извршуваме во Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје.

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

net

 

 

Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Аnti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

vaginal-rejuvenation-wayzata-cosmetic-surgery-and-spa-minnesota1

ПОДМЛАДУВАЊЕ НА ИНТИМНАТА РЕГИЈА КАЈ ЖЕНИ

Заинтересираноста за вагиналното подмладување според светските статистики расте за 60% годишно. Со полно право да носат одлуки за својата сексуалност, жените се одлучуваат и на функционално и на естетско дотерување на интимната регија. Бразилската депилација е само мал козметички третман во однос на она што може да понуди медицинската козметологија на повеќе начини.

Што сè може да се постигне?

Гинеколошко-функционални проблеми, како инконтиненција или вагинална атрофија, или естетско-функционални ефекти, како намалување на вишокот на кожа околу малите усни или клиторисот, или стеснување на вагината за подобрување на сексуалниот однос.

Дека естетиката и функционалноста се тесно поврзани, доказ е фактот што со отстранување на вишокот на кожа околу клиторисот или малите усни се намалува задржувањето на секретот и создавање на инфекции и се постигнува удобност при спортските активности.

Со стареењето како и после породувањето се опуштаат мускулите на вагината, односно доаѓа до “вагинална атрофија”, која доведува и до инконтиненција, но и до непријатности при сексуалните односи.

vaginal-rejuvenation

НЕХИРУРШКО ПОДМЛАДУВАЊЕ НА ВАГИНАЛНАТА РЕГИЈА

  1. Филери – Да, како и оние за лице, се користат и за зголемување на стратешките точки кои допринесуваат за сексуално уживање. Со филерите-било да станува збор за хијалуронски или за сопствени масти, се зголемува зоната околу клиторисот или тн.G точка, задолжена за оргазам кај повеќето жени. Се користат и за пополнување на вулварната регија, како и третирање на вагиналната сувост.
  2. Ласер – Со ласер се затега кожата на лицето, се поттикнува создавањето на сопствениот колаген и регенерација на ткивата. На ист начин може да се подмлади и sидот на вагината, за да се добие подобар тонус. Со ласерското делување на атрофијата на вагината се добиваат позитивни ефекти во сите слоеви на вагиналниот sид, а не само на епителот, што е вообичаен резултат од естрогената терапија.
  3. Конци – Истите се последен хит во неоперативното подмладување на лицето, со помош на биоразградливи конци кои самите се разградуваат во организмот, како и хируршките конци. Овие конци на себе имаат мали “боцки” со кои се закачуваат на ткивото, па со нив докторите постигнуваат лифтинг на лице, но и на вагината, односно стеснување на нејзините sидови.
  4. PRP – Плазма збогатена со тромбоцити која освен за подмладување на лицето се користи и за вагината и тоа кај атрофија на слузокожата на истата, но и зголемување на големите усни и подмладување на целата регија. WAGS (Women Antiaging Gynecological System) е комплетен систем за подмладување во ординација, но и дома. Плазмата се добива од примерок од вашата крв, земена во епрувета, која се обработува во центрифуга со кое на врвот се издвојува плазмата. Овој регенеративен еликсир се вбризгува инјекционо, со мезотераписка техника во ткивото на вагината, за поттикнување на клеточната регенерација. По овој третман во ординација, се добива серум кој се користи како продолжен третман во домашни услови.

5.Хемиски пилинг – Со хемискиот пилинг наменет специјално за интимната регија добиваме избелување,освежување како и благ лифтинг и подмладување на целокупната интимна регија.

 

Сите процедури успешно ги спроведуваме во нашиот Центар,а доказ за тоа се големиот број на задоволни клиенти.

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia, Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

prp-hair-loss-treatment

PRP МЕТОДА ВО ЛЕКУВАЊЕ НА ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА

PRP ( Platelet Rich Plasma ) e крвна плазма богата со тромбоцити, која со години се користи во медицината заради силниот ефект на регенереција и заздравување на ткивото. Плазмата богата со тромбоцити содржи бројни фактори на раст и биоактивни протеини кои влијаат и на регенерацијата и на обновувањето на косата.

Во кои случаи се применува PRP методата?

Губењето и опаѓањето на косата кај генетски условена андрогена алопеција, автоимуна алопеција ареата или други видови на алопеција на лузни, често претставуваат терапевтски проблем. Со примена на PRP методата во наведениве случаи може да се поттикне растење на нова коса. Тенките влакна се задебелуваат, а изретчената коса се згуснува.Фа кторите на раст и цитокините кои се ослободуваат со PRP терапијата ги стимулираат постоечките фоликули на влакната да растат, влијаат на создавање на нови крвни садови, регенерација и обновување на ткивото на главата. Со примена на PRP методата не се забележани несакани реакции, а може да се комбинира и со други методи за лекување на алопецијата.

prp_hair_loss_restoration

Примена на PRP терапија кај андрогена алопеција

PRP терапијата успешно се користи кај андрогената алопеција, алопеција ареата или алопеција на лузни. Најдобри резултати се постигнуваат во почетната фаза на проретчувањето на косата. Со терапијата се активираат фоликулите на влакното кои од стадиумот на мирување поминуваат во активна фаза на растење.

Примена на PRP методата кај мажи со андрогена алопеција

PRP терапијата е индицирана кај мажи со проретчена коса и губењето на влакната особено во делот на челото и слепоочниците, како и на темето. Што порано се почне со терапијата поголема е веројатноста за поголем раст на нова коса.

Примена на PRP методата кај жени со андрогена алопеција

Кај жени со андрогена алопеција PRP методата се применува кај дифузното проретчување на косата во темената регија, во сите стадиуми. Одлични резултати од терапијата се добиваат кај 90% од пациентите. Влакното станува подебело, косата се згуснува, се спречува понатамошното опаѓање на косата. Видливи резултати има после 2-3 третмани,кои  се прават на растојание од 1 месец, а потоа по една процедура на 6 месеци или 1 година.

Примена на PRP методата кај alopecia areata

PRP терапијата може да се примени кај оние пациенти кои имале во повеќе наврати појава на алопеција на одредени делови од скалпот, и кај кои стандардната терапија со кортикостероиди не дала видливи резултати. По PRP терапијата се забележува растење на нова коса во зоните зафатени со алопецијата. За постигнување на убави резултати потребни се 2-3 терапии на растојание од 1 месец. Терапијата може да се примени и на веѓите, доколку се зафатени со заболувањето.

Примена на PRP методата кај алопеција на лузни

Planopilaren lihen, Folikulitis и Diskoiden lupus се заболувања кои се предизвикани од различни воспалителни реакции на скалпот кои ги уништуваат фоликулите на влакното со дефинитивно губење на косата во зафатените регии. Доколку со воспалителниот процес не се уништени матичните клетки во фоликулите на влакното и лојните жлезди, со PRP терапијата можат да се стимулираат на повторно растење. Исто така, во ваквите случаи со PRP методата успешно се контролира воспалението и прогресијата на основното заболување. PRP терапијата се употребува и во случај кога стандардната терапија ( кортикостероиди, антибиотици) не дале резултат. Потребно е да се направат 3-4 третмани на растојание од 1 месец.

PRP методата и трансплантација на косата

По извршена трансплантација на косата PRP терапија овозможува полесно зараснување на раните и ефикасно одржување на пресадените фоликули на влакната.

prp-hair-b-a

Како изгледа процедурата на PRP терапија?

За да се добие плазма богата со тромбоцити која ке се аплицира во кожата на главата, на пациентот му се зема минимална количина на венска крв. После центрифугирањето на крвта, со раздвојување се добива плазмата богата со тромбоцити која ќе ослободи фактори на раст и цитокини. Патентираната PRP метода на Promoitalia се одликува со додавање на ДНК активатор, кој ќе ги активира факторите на растење а процедурата ќе има сигурни и долготрајни резултати. Вака подготвената плазма со мезотераписка техника се вбризгува во кожата на главата. Пациентот претходно се анестезира со локален анестетик во вид на крем, па непријатноста од самата процедура е сведена на минимум. Со оваа процедура се стимулираат фоликулите на влакната да растат, се создаваат нови крвни садови и се обновува ткивото на главата. После третманот нема никакви несакани реакции освен благо црвенило кое поминува после 1-2 часа.

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

 

bikiki-side-1

УЛТРАЗВУЧНА КАВИТАЦИЈА

Ултразвучна кавитација е метода на парцијално отстранување  на масните клетки и целулит со ултразвук.

Тоа е неинвазивна и безболна терапија која овозможува брзо, сигурно и ефикасно преобликување на телото. Масните наслаги во поткожното ткиво се разбиваат, што директно резултира со намалување на обемот во третираниот дел на телото.

Подрачјата со поинтензивно насоберено масно ткиво се третираат со бранови со поголема фреквенција, додека деловите на телото со помала количина на масно ткиво се третираат со помала фреквенција, како би се заштитил мускулот и неговата обвивка.

Ултразвучната кавитација е единствена нехируршка и неинвазивна постапка која целно ги отстранува масните клетки на стомакот, колковите, задникот и останатите делови на телото.

Наведената метода користи специфично делување на ултразвукот и бранови со одредена фреквенција. Таквата фреквенција овозможува ултразвукот да делува исклучиво до одредена длабочина при која не доаѓа до мускулите, а со тоа се оневозможува нивно оштетување.

Кавитацијата е физички феномен до кој доаѓа кога се судираат ултразвучни бранови. Ултразвучните бранови произведуваат енергија (притисок) која поттикнува формирање на вакуум меурчиња. Овие, поради брзината на движење на ултразвукот и зголемување на притисокот, се зголемуваат и, кога ќе ја постигнат својата максимална големина, експлодираат произведувајќи силна енергија (притисок) на внатрешните гасови. Тоа ја оштетува мембраната на масната клетка на начин на кој таа станува порозна и ги ослободува мастите што се во неа (масни киселини – триглицериди, холестерол и глицерин).

По разградувањето на масните клетки, мастите во облик на триглицериди одат во меѓуклеточниот простор, каде со помош на ензимска активност се делат на глицерол и виши масни киселини. Глицеролот оди во крвта, а вишите масни киселини во црниот дроб, каде се метаболизираат, како и маснотиите што ги внесуваме со јадењето.

Важно е да се спомне дека дел од разградената маснотија патува низ организмот во вид на липопротеини и мора да биде потрошена во вид на аеробна физичка активност, во спротивно, повторно ќе се наталожи на други места.

Ултразвучната кавитација се смета за одлична алтернатива на хируршката липосукција. Сепак, кавитацијата е далеку помалку агресивна метода за слабеење. Оваа метода не користи анестезија, ниту пак се сечат околните ткива.

Кавитацијата е сложена медицинска програма, која бара адекватен пристап кон самиот третман, следење на крвниот притисок и останатите параметри, кои можат да индицираат проблеми со кардиоваскуларниот систем, од што произлегува потребата третманот да го изведуваат исклучиво стручни медицински лица. За нејзино изведување е потребно добро познавање на анатомијата и физиологијата на телото.

Иако наведениов третман се користи како козметички, тој воопшто не е безопасен. Доколку не се земе во предвид актуелната состојба на клиентот на кој се спроведува кавитацијата, може да дојде до несакани нуспојави.

Кавитацијата во поголемиот број на случаи не предизвикува несакани нуспојави, но секако треба да се направи анамнеза на здравјето на клиентот на кој ќе се аплицира.

Доколку се почитува горенаведеното, можностите за нуспојави се сведени на минимум.

Луѓето со проблеми на црниот дроб, срцето и васкуларниот систем не би требало да се подложуваат на ваков третман поради дополнителниот притисок на ѕидовите на крвните садови. Исто така, не смеат да прават кавитација и лица со вградени пејсмејкери, дијабетичари, трудници, доилки, луѓе со висок холестерол и триглицериди, воспаление на средното уво (поради звукот кој притоа се јавува во ушите), фебрилни состојби, метални протези, рани или воспалителни процеси во подрачјето, венозна или лимфна инсуфициенција.

Кавитацијата е моментално една од најчесто користени и најпопуларни методи за слабеење, во склоп на програмите за медицинско слабеење. После зафатот површината на кожата е неоштетена, нема болки и клиентите веднаш после процедурата можат да се вратат на секојдневните активности.

Бидејќи на телото му е потребно време да ги хидролизира отпуштените триглицериди и да ги исфрли сите продукти од разградувањето на масните клетки, како и да ги преработи и елиминира ослободените масни киселини, третманите на кавитација се спроведуваат еднаш на 7-10 дена (не помалку од 5 дена), со задолжителна лимфна дренажа. Бројот на третмани е индивидуален и се одредува после иницијална дијагностика. Таа најчесто вклучува мерење на поткожното масно ткиво и  неговата дистрибуција.

Ултразвучната кавитација е предвидена за:

-преобликување и губење на локализирани масти (стомак,колкови,бедра,натколеници,задник)

-намалување на наслагите на целулит

-реактивирање на локалната циркулација

-подобрување на квалитетот на кожата и сврзното поткожно ткиво.

Доколку кавитацијата ја спроведуваат стручни лица праксата покажува брзо видливи и долготрајни резултати.

Во Anti Aging Center by Promoitalia користиме медицински апарат за ултразвучна кавитација-Proslimelt, произведен од Promoitalia.

_1364972711_850e_p

Најнов апарат во склоп на ултразвучната медицинска технологија за контурирање на телото, Proslimelt, користи ниска фреквенција на ултразвук за топење  на вишокот на маснотии и намалување на обемот.

Proslimelt

Ефикасноста, брзите резултати и неинвазивни техники го прават Proslimelt многу популарен меѓу пациентите.

Proslimelt1-1

Proslimelt исто така се користи за лекување на болки во зглобовите, чувство на топлина во зглобовите и во третмани како литотрипсија.

aparat 2

Со Proslimelt можат да се третираат 2 зони истовремено.

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

 

carboxytherapy

КАРБОКСИТЕРАПИЈА

Карбокситерапијата е медицинска процедура при која во кожата или поткожното ткиво се вбризгува медицински гас-јаглерод диоксид.Јаглерод диоксидот е гас кој природно се ослободува од нашиот организам во текот на процесот на дишењето и како таков не може да предизвика алергиски или било какви други несакани реакции.При лапароскопија се користат стотици пати поголеми дози од овој гас без никакви последици на организмот.

Riojuvenation_procedure_2

Карбокситерапијата на различни програми многу успешно се применува за редукција на стрии,стимулација на колаген и еластин,а со тоа и затегање на ткивото,осветлување и намалување на подочниците,како и редукција на локализираните масни наслаги и целулит.

До триесетите години снабдувањето на нашата кожа со кислород опаѓа за 25% а до 40. за 50% за сметка на адекватно снабдување на внатрешните органи со кислород.Во недостиг на кислород клетките на кожата потешко се обновуваат и имаат намалена функција на создавање на колаген и еластин,што доведува до губиток на тонусот на нашата кожа.

Дали карбокситерапијата е нова процедура?

Оваа процедура се користи уште од 1930 година во француските бањи кога во базените се вбризгувал јаглерод диоксид како би се зголемила циркулацијата и би се забрзало зараснувањето на венските рани кај пациентите.Дваесет години подоцна,1950 година,започнува примената на карбокситерапијата во кардиологијата со вбризгување на гасот директно во поткожното ткиво кај пациенти со проблематична циркулација и покачени масти во крвта.Со понатамошната примена приметено е дека кожата кај третираните пациенти значително се подобрува на местата каде е аплициран гасот.Така 1993 година карбокситерапијата станува една од основните процедури во естетската медицина.

carboxiterapia-para-la-celulitis

Каков е принципот на третманот – карбокситерапија?

Со вбризгување на јаглерод диоксид во зоната под кожа се развива кисела средина која е сигнал на нашиот организам да обезбеди кислород и наталожи природни фактори на растење ( vascular endothelial growth factors ) на ткивото во третираната регија.Во тек на седум дена од третманот на местата на апликација постои зголемена природна дистрибуција на кислород,се создава потполно нова микроциркулација,се зголемува лимфна дренажа и на тој начин по природен пат се постигнува обновување на клетките на кожата.

carboxiterapia-ojeras

Како изгледа третманот карбокситерапија?

Во текот на третманот,со помош на апаратот Pro2Son на PromoItalia се вбризгува точно определена количина на стерилен гас со најтенки игли во кожата или во масното ткиво,зависно од посакуваниот резултат.Пациентот во текот на третманот може да чувствува благ притисок 2-4 минути а третираното поле станува благо зацрвенето поради изненадно наталожениот кислород.Веќе после 5 минути по завршувањето на третманот аплицираниот CO2 нашиот организам во потполност го менува со кислород.

Веднаш после процедурата пациентите можат да се вратат на вообичаените активност и никакво опоравување не е потребно.

_1364972612_78e4_p

Колку третмани на карбокситерапија се доволни?

Зависно од посакуваните резултати и третираните регии,обично е потребно 4-6 третмани на карбокситерапија и можат да се спроведуваат еднаш во 7 до 10 дена.Третманот карбокситерапија е кумулативен-секој следен третман го зголемува резултатот на претходниот.

За кои третмани се препорачува карбокситерапијата?

Темни подочници

Темни подочници кои се последица на ослабена циркулација или генетска предиспозиција.Со третманот крбокситерапија се подобрува циркулацијата и се намалува темната боја,а кај генетски предиспонирани особи присуството на кислород овозможува избелување на третираната регија.Ефектите од карбокситерапијата потребно е да се одржуваат еднаш до два пати годишно.

Целулит

Целулитот е најчесто е предизвикан од неадекватна лимфна дренажа и ослабена циркулација во ткивата на одредени регии.Карбокситерапијата ги решава двата проблеми а со подлабока апликација на CO2 се топат масните клетки и се обликува телото.

Стрии

Стриите настануваат со кинење на еластичните влакна на кожата.При третманот,со вбризгување на фасот се стимулира обновувањето на клетките и создавање на нов колаген и еластин,со кои се пополнува кожата на местата испукани од стрии.

Карбокситерапијата може да се комбинира со хемиски пилинзи,мезотерапија,PRP,апарати и/или ласер.

2017-04-18_13-59-42

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

 

 

 

495-din-za-kompletan-anticelulit-paket-rucna-masaza-ultrazvucna-kavitacija-rucna-limfna-drenaza-u-salonu-mima-u-knez-mihajlovoj-ulici-3108-4

ЛИМФНА ДРЕНАЖА – ПРЕСОТЕРАПИЈА

Седечкиот начин на живот, стресните денови на работа и брзите патувања оставаат траги на вашето тело. Лимфна дренажа е терапија при која со метода на притисок на точно определени делови на телото механички се потиснува наталожената меѓуклеточна течност. Со терапијата се поттикнува функцијата на лимфниот систем за побрзо да се излачат штетните материи од телото како и прекумерната течност. Целиот третман доведува до состојба на опуштеност, намалување на отоците и болката, која евентуално била присутна претходно.

 

ОПИС НА ТРЕТМАНОТ

Сознанието дека современиот начин на живот покрај добри носи и низа на непријатни и несакани работи, станува се појасно и поболно. Постојаниот стрес, предолгото седење, прекумерната телесна тежина, неправилната исхрана-сето ова претставува оптеретување за нашиот организам. Последица е лошата циркулација на ткивата-особено на нозете, задникот и стомакот, собирање на отпадните продукти на метаболизмот, полнење и зголемување на волуменот на масните клетки, отекување на нозете, создавање на целулит и проширени вени.

Лимфата е безбојна водена течност која е богата со белковини и бели крвни клетки (лимфоцити).

Лимфниот систем е од витално значење за здравјето на секој поединец. Како составен дел од имунолошкиот систем, помага во борбата против инфекциите, во одржување на рамнотежата на течности во телото, ги враќа протеините во кардиоваскуларниот систем и ги апсорбира мастите и витамините растворливи во масти од дигестивниот систем и истите ги транспортира во венската циркулација. Лимфниот систем е изграден од голем број на тенки лимфни садови кои ја собираат лимфната течност од различни делови на телото. Насоката на движење на лимфата во лимфните садови е секогаш центрипетална. Во сосотојба на мирување за 1 час протекува 120 мл на лимфа.

Функција на лимфата е да го храни ткивото и да ги прифати и елиминира штетните материи (детоксификација на ткивото). Лимфоцитите играат важна улога во имунолошкиот систем, го штитат организмот од инфекции. Се формираат и складираат во лимфните јазли, кои се со различни големини и форми и се наоѓаат во целото тело. Постојат 400-700 лимфни јазли и најголем број се во пределот на стомакот, потоа во главата и вратот, а останатите се во аксиларниот и ингвиналниот регион. Функција на лимфните јазли е филтрирање на штетни супстанции, како што се бактерии, отрови, мртви клетки, создавање на лимфоцити и регулирање на  концентрацијата на протеини во лимфата.

Стагнацијата на лимфната течност може да го попречи протокот на лимфата низ лимфните садови. Забавена и намалена циркулација на лимфата доведува до таложење на токсини во телото, ја успорува испораката на хранливите материи до клетките и метаболичките процеси во нив, што понатаму негативно влијае врз работењето и состојбата на клетките, а со тоа и на ткивото и организмот како целина.

Лимфната дренажа е медицинско-козметички третман кој го поттикнува разградувањето на целулитот, намалување на обемот, ја поттикнува циркулацијата на ткивата и ги остранува едемите. Со лимфната дренажа, наречена уште и пресотерапија, се создава рамнотежа на течностите во организмот и подобра општа состојба на организмот.

Во AAC Promoitalia лимфната дренажа задолжително ја препорачуваме на пациентките кои не посетуваат за третмани за обликување на телото и сакаат уште подобри резултати. Лимфната дренажа на повеќе начини позитивно влијае на нашиот организам бидејќи пренесува хранливи материи и кислород од крвта до секоја клетка, а на враќање ги собира штетните материи и се враќа во крвотокот, па поради тоа се препорачува и после хируршки зафати бидејќи ја намалува болката, долготрајните лузни, задебелување на кожата, го зголемува имунитетот во третиранит дел на телото.

Лимфната дренажа во нашиот Центар може да се комбинира со сите третмани за обликување на телото, и се работи:

1.рачно

2.со машината Ray Light Code

3.со посебна програма на вибрирачката платформа Proellixe

_1364974678_fda3_p

КАНДИДАТИ

Кандидат за лимфна дренажа сте доколку:

  • имате лоша циркулација на ткивата – особено на нозете, задникот и стомакот;
  • ги таложите штетните продукти на метаболизмот;
  • ви отекуваат нозете;
  • приметувате целулитни промени на кожата и поткожното ткиво;
  • ви се појавуваат нови или забележувате влошување на постоечките проширени вени.

 

ПОДГОТОВКА

Нема посебна подготовка за лимфна дренажа. Се што треба да направите е да се опуштите, да уживате во третманот и да се препуштите во рацете на нашите специјалисти.

anticel_750_133724.jpg.axd

ТЕК НА ТРЕТМАНОТ

Механичката лимфна дренажа во AAC Promoitalia најчесто се користи во процесот на слабеење т.е. отстранување на целулитот, бидејќи е најефикасна во исфрлање на вишокот на течности и отстранување на отпадните материи од организмот кои се менуваат со здрави и хранливи материи кои доаѓаат со крвта.

Мануелната лимфна дренажа е нежна, специјална, терапевтска постапка со која се потпомага работата на лимфниот систем, односно се активира циркулацијата на лимфата, се стимулира регенерација и исхрана на ткивата, се зголемува одбрамбената способност на организмот. Таа има корисен ефект врз нервниот систем, како и врз мускулниот, лимфниот и имунолошкиот. Со лимфната дренажа се  постигнува рамнотежа на течностите во телото и се поттикнува подобра општа состојба на организмот. Ги регенерира и ја подобрува функционалноста на лимфните садови, капиларите и залистоците, делува на вегетативниот систем и го релаксира целото тело. Се изведува со посебни дренажни движења, со притисок и одредена насока заради елиминација на вишокот на течности и штетните материи од организмот. Лимфната дренажа е одличен третман за синдром на “тешки нозе”, проблеми со венска инсуфициенција или едем предизвикан од траума. Исто така е погодна за спречување на отоци, намалување на целулитот и добро секојдневно чувство.

Ray Light Code е апарат за фотобиомодулација,која користи LED технологија што стимулира биохемиски реакции и го поттикнува процесот на регенерација на клетките.Одличен при едематозен и фиброзен целулит,како и при задршка на течности.

Со овој третман механички се потиснува наталожената меѓуклеточна течност назад во крвотокот. На тој начин се намалуваат стомакот и колковите, се создава рамнотежа на протокот на хранливите материи и кислород, се подобрува циркулацијата и се спречува воспалувањето на вените, особено кај пациенти кои постојано седат на работното место.

Предности на комбинирање на рачната и апаратната лимфна дренажа:

  • се работи на цело тело
  • намалување на отоците на целото тело
  • разбивање и разградување на целулитот
  • подобрување на циркулацијата
  • ја зацрврстува и затегнува кожата
  • помага при исфрлање на токсичните материи од телото
  • примената на пресотерапијата помага при процесите на заздравување на телото.

2500-din-za-cudesnu-awt-anicelulit-terapiju-preoblikujte-svoje-telo-i-resite-se-zauvek-celulita-1155-2

ОПОРАВУВАЊЕ

Нема период на опоравување после лимфната дренажа.Третманот можете да го направите за време на пауза за ручек,и веднаш потоа да се вратите на секојдневните активности.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

microagulhamentomonalisa

МЛАДОСТА Е ВО ВАШАТА КРВ – PRP ТРЕТМАН

Вашето тело поседува моќ да го регенерира и лекува ткивото на сите делови од вашата кожа.Матичните клетки го прават тоа секојдневно во текот на вашиот живот.PRP терапија за подмладување со матични клетки,позната е и како третман за подмладување со сопствена крв.Тоа е зафат кој ја користи моќта на лекување која ја имаат тромбоцитите и факторите на раст во крвта,како би се стимулирала реакцијата на матичните клетки.Матичните клетки помагаат во создавање на нов колаген и крвни садови,во обновување и подобрување на оштетената кожа и го успоруваат и ги бришат знаците на стареење.Повеќе од 30 години крвната плазма богата со тромбоцити со успех и препораки се користи при процесите на побрзото заздравување на ткивото,особено во ортопедијата и кардиологијата.Од 2005 година PRP плазма третманот се користи и во естетската дерматологија,благодарение на многубројните growth фактори кои ги содржи добиениот серум.

kimkbeforeafter

ОПИС НА ТРЕТМАНОТ

PRP терапија за подмладување со матични клетки е револуционерна метода при која се употребува минимална количина од вашата крв за подмладување на кожата.PRP подразбира одвојување на клетки и протеини кои се наоѓаат во крвта и нивно вбризгување во кожата.На тој начин се подобрува обновувањето на кожата и поткожното ткиво.Дел од крвта по кој методата го добила своето име е PRP (Platelet Reach Plasma) или во превод – плазма богата со тромбоцити.Со оваа постапка на природен начин ја поттикнуваме регенерацијата и подобрувањето на ткивото на лицето,ги намалуваме брчките и го подобруваме тонусот на кожата на лицето и на останатите делови на телото.Во PRP-то,покрај тромбоцитите се наоѓаат и факторите на раст и вашите матични клетки,кои понатаму го стимулираат процесот на обновување.Бидејќи при овој третман се користи вашата крв,не постои можност за нус појави.Третманот е во потполност нетоксичен,хипоалерген и не бара време за опоравување.

КАНДИДАТИ

При консултација со лекарот се проценуваат потребите кај секој клиент одделно,и се одредува најоптимален третман или комбинација од третмани.

PRP терапија за подмладување со матични клетки се користи за:

-намалување на мимичните брчки

-успорување на процесите на стареење

-зголемување на тонусот на кожата

-подобрување на релјефот на кожата

-отстранување на хиперпигментации

-лекување на акни

-намалување на постакни

-намалување на подочници

-подобрување на тенот на кожата

-отстранување на десквамација,сувост и чешање на кожата

-заздравување на микротрауми

-зголемување на локалниот имунитет на кожата

-подмладување на кожата на дланките и интимната регија

-третирање на стрии

-лекување на целулит

-поттикнување на раст на коса.

ПОДГОТОВКА

Пред самиот третман докторот со стандардна процедура вади 8мл од вашата крв.Болката која ќе ја почувствувате е еднаква на класичното вадење на крв.Потоа,со посебна техника,односно машина,крвта се центрифугира со голем број на вртења,при што се издвојува плазмата од останатите крвни елементи.

ТЕК НА ТРЕТМАНОТ

Вашите клетки се вбризгуваат во опуштената кожа и/или во брчките.Се користат многу мали игли,кои се слични на иглите за мезотерапија.Зависно од ефектот кој сакаме да го постигнеме,плазмата се вбризгува во поплитките или подлабоките слоеви на кожата.Првите резултати се видливи после првиот третман,но според искуство во примената на оваа метода,се препорачуваат 3 третмани на растојание од еден месец.Постапката потоа може да се повтори по 12 месеци.

PRP

ОПОРАВУВАЊЕ

Непосредно после третманот можна е појава на црвенило,оток или минимална болка во подрачјето кое е третирано.Симптомите се губат после неколку часа.Пациентите веднаш после третманот се враќаат на секојдневните активности.

Нагласувам дека при примена на оваа метода нема никакви резови или лузни,бидејќи се работи со инјекциски убоди.

Неколку недели после третманот видливо е општо подобрување во хидратацијата,структура и тонусот на кожата.По 3-6 недели започнува создавањето на новиот колаген и крвни садови,а во наредните 3-6 месеци се губат несаканите линии и брчки на кожата.Ефектите од терапијата се индивидуални и можат да траат од 12 месеци до две години.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

PRP терапија за подмладување со матични клетки е едноставен и сигурен третман.Со оглед на тоа што PRP се издвојува од вашата крв,не постои можност за пренесување на болести,алергии или имунолошки реакции.

PRP терапијата не се применува во случај на тромбоцитопенија,автоимуни заболувања,бременост,хронични заболувања на црниот дроб,пациенти на антикоагулантна терапија.

ТРЕТМАН ВО Anti Aging Center by PROMOITALIA

PRP третманот во Anti Aging Center by PROMOITALIA подразбира подготовка,постапка и контрола после 2 недели, доколку е потребно.Пред самиот третман се одредуваат приоритетите,кои зони клиентот сака да ги третираме,а доколку после апликацијата на саканите регии остане доволно плазма,по желба се третираат и другите делови на лицето или телото.Од една епрувета се добива околу 4 мл плазма што е доволно за третирање на лице,врат,деколте и дланки.

Уникатноста на оваа метода во нашиот Центар е во додавањето на ДНК активаторот,кој ги активира факторите на раст и ги забрзува и пролонгира ефектите на третманот.

17934355_232152847265482_7543026795952472064_n

 

PRP третманот го користиме како самостојна процедура,но и во комбинација со мезококтели,хијалуронски филери,хемиски пилинзи,фракционен ласер и лифтинг со конци.

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

 

net

Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Аnti Aging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

 

 

 

Pojacano-znojenje_uslugeimg

ПРЕКУМЕРНО ПОТЕЊЕ (ХИПЕРХИДРОЗА)

Голем број на луѓе имаат проблем со зголемено потење под пазувите,кое често се става под контрола со одредени средства против потење.Но,за жал,кај некои луѓе тоа не е доволно,па се јавува не само естетски,туку и емоционален проблем.

Стресот е најчестата причина за појава на хиперхидроза.Кофеинот и никотинот во поголеми количества исто така го зголемуваат потењето.

 

СРЕДСТВА ПРОТИВ ЗГОЛЕМЕНО ПОТЕЊЕ

Се користат најчесто антиперспиранти,лосиони и други средства на база на алуминиумова сол,па поради тоа често настануваат иритации или воспаление на кожата под пазувите.Кај потешки случаи се користи јонтофореза,таблети,одстранување на потните жлезди со липосукција или операција на прекин на нервните патишта.Повеќето од наведените методи имаат бројни нуспојави кои дури можат да бидат потешки и од самото зголемено потење.Ботоксот за сега,кога ќе се согледаат резултатите,должината на траењето на ефектот,безболноста и сигурноста на третманот,се покажа како најдобра можна метода.

КОЈА Е УЛОГАТА НА ПОТЕЊЕТО?

Главната улога на потењето е разладување на организмот и исфрлање на токсини.Потењето под пазувите ја нема таа улога,ниту пак било каква друга,па можеме да кажеме дека е непотребно.Главната улога во регулирањето на потењето ја има централниот нервен систем,па при стрес или нервоза доаѓа до прекумерно потење.

Botox-terapija-protiv-znojenja

БОТОКС

КАКО ДЕЛУВА БОТОКСОТ?

Улогата на ботоксот е во намалување на работата на потните жлезди,при што го блокира ацетил холинот кој го поттикнува потењето.Третманот не е штетен,ниту пак има било какво влијание врз здравјето.

КОЛКУ  ДОЛГО ТРАЕ ЕФЕКТОТ ОД ТРЕТМАНОТ?

Резултатот трае од 3 до 10 месеци.Ефектот е видлив по 7-15 дена,при што не е потребно да се користат никакви средства против потење.Поради третманот нема да се зголеми потењето на друг дел од телото и нема да биде посилно откако ќе помине ефектот.

ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ ПРЕД ТРЕТМАН?

Еден ден пред третманот неопходно е отстранување на влакненцата под пазувите,за да може да се нацрта квадратната мрежа под двата пазуви.Добиваме просечно по 12 квадрати од секоја страна.Убодот се врши во секој од тие квадрати.

ДАЛИ ТРЕТМАНОТ Е БОЛЕН И ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ВРЕМЕ ЗА ОПОРАВУВАЊЕ?

Третманот не е болен,нема никакви ограничувања и веднаш можете да се вратите на секојдневните активности,а трае само 3-5 минути.

Освен под пазувите,ботоксот се користи за прекумерно потење на дланките и стапалата.

prekomerno-znojenje

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

net

 Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

 

 

b63ebec36463f21b44a05979fdfa211a

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЦЕЛУЛИТ

Целулитот можеме да го дефинираме како појава на визуелно неприфатливи грутки или вдлабнувања на кожата на одредени делови на телото,која има структура како кора од портокал.Структурално,целулитот се состои од масни наслаги,кои најчесто се јавуват на колковите,задникот и бутините.

photo

Целулитот е еден од најчестите естетски проблеми кај жените и не треба да се меша со дебелината.Понекогаш целулитот може да биде уште повидлив во структурата на кожата со губењето на килограмите.Статистичките податоци кажуваат дека 80% од жените постари од 20 години ,без оглед на нивната тежина,имаат проблем со целулитот.

Целулитот е исклучително комплексен проблем,кој во своето создавање ја вклучува микроциркулацијата и лимфните жлезди,оток на вонклеточен матрикс и присуство на поткожно масно ткиво кое го зафаќа одредениот дел на дермисот.

Сврзното ткиво на кожата  ги окружува масните клетки кои се наоѓаат во одредени комори.Рабовите на овие комори содржат септи.Со текот на времето,масните клетки се зголемуваат по број и големина.Овој феномен заедно со акумулација на локализираниот едем ја повлекува површината на кожата помеѓу преградите,што доведува до појава на грутки и вдлабнувања кои можат да се видат на кожа зафатена со целулит.

Кои се можните начини за отстранување на целулитот?

Постојат многубројни тераписки опции за лекување на целулитот,од масажи до липосукција.Исто,постојат и голем број на фармаколошки препарати за третирање на целулитот,најчесто без успех.

Еден од најуспешните третмани во нашиот Центар за лекување на целулитот е липолизата,односно,инјектирање на мезококтел Celluform,кој истовремено ги топи локализираните масни наслаги и го третира целулитот.

13407210_1046839382059008_5692344635596112624_n

Исто така,одлични резултати ни дава и карбокситерапијата,како и PRP методата.Огромно достигнување на пазарот на апарати кои го лекуваат целулитот направија машините  на Promoitalia,Prowave Ice,Proshock Ice,Proslimelt,Ray Light Code,Vibrolight,Proellixe,како и Pro2son.

13434856_1047445738665039_2622674732830766070_n

Во зависност од типот на целулитот во нашата ординација се комбинираат споменатите методи.

Сите процедури се безбедни,ефикасни и потполно безболни неинвазивни процедури кои се користат за третирање на целулит,реобликување на телото и намалување на обемот на одредени регии на телото.Со нашите апарати можете да го обликувате телото,да го намалите во обем и да го отстраните целулитот на сите зафатени регии.

 

18254374_10210349695433770_947609666_n

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

net

Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

12976518_995953810486081_1581280456_n

ВИБРИРАЧКИ ПЛАТФОРМИ НА PROMOITALIA

Науката за вибрирачките платформи за вежбање е развиена во поранешниот Советски Сојуз пред 30 години,каде вибрациите за вежбање се користеле во тајните програми за спортисти и балет. Д-р Кармело Боско од Италија ја продолжи советската наука и го разви концептот на вибрации на целото тело. НАСА, вселенската агенција на САД, спроведе истражување со астронаутите да ги докаже придобивките од вежбањето со вибрации на целото тело.

Професионални спортисти , познати и се повеќе и повеќе обични луѓе насекаде низ Европа и светот користат вибрирачки платформи за подобрување на нивното здравје.

Во современиот свет,луѓето живеат со брзо темпо,па поради тоа го запоставуваат здравјето.Приметуваат дека нешто не е во ред дури кога ќе ги забележат перничињата на стомак.

Доколку имате малку слободно време,а голема волја да бидете убави и здрави,вибрирачката платформа е вистинското решение за вас.

Вибрирачката платформа е машина која работи на принцип на директна контракција на мускулите,а вие треба да бидете само во права положба,во зависност од тоа која група на мускули се третира.

Дебелината е една од болестите на модерниот свет,кој исто така ни наметнува исклучително витки фигури како идеали за убавина,па голем број на припадничките на понежниот пол,но и нивните посилни половини,пробуваат на различни начини да ги достигнат тие високи критериуми.Со помош на вибрирачка платформа можете да изгубите на тежина,да го обликувате своето тело,а пред се да се ослободите од стресот така што максимално ќе потрошите енергија за многу кратко време.

Promoitalia Anti Aging Center располага со две машини,кои се во основа вибрирачки платформи:

PROELLIXE VIBRATION

(10 минутно пасивно вежбање кое е еднакво на 1 час физички тренинг)

Proellixe-Salsa-Slimming-Machine

Машината Proellixe Vibration ќе ви помогне да го зајакнете вашето тело, да ослабите и да му дадете енергија на организмот без болка.

Користејќи ја Proellixe Vibration платформата 3 пати седмично, вие ќе загубите сантиметри во обем, ќе ги зацврстите коските, ќе ја подобрите циркулацијата!

Застанувајќи во исправена положба , боси, ќе почувствувате вибрации кои преку стапалата се распространуваат по вашето тело , вибрациите пасивно го затегнуваат секој ваш мускул на начин на кој што предизвикуваат милиони мускулни контракции, зголемувајќи го мускулниот тонус и бројот на мускулни влакна. Истовремено метаболизмот и енергијата во истите значително се зголемува.

Бидејќи вибрациите претставуваат пасивно вежбање , при вежбите нема потење и нема болки во мускулите затоа што нема зголемување на количина на млечна киселина во мускулите. Исто така нема појава на забрзано чукање на срцето, нема потреба од туширање после третман и нема болки во мускулите следниот ден.

Испитувањата покажуваат дека 10 минути вибрации на Proellixe Vibration  е еднакво на 1 час тренинг во теретана. Времето што го користите за вежбање на одделни мускулни регии ќе го скратите со 10 минутен тренинг на целото тело.

Со Proellixe Vibration  тренирате 95% од сите мускули за разлика од теретана каде што за еден тренинг тренирате 40-45% од мускулите.

          932d73_86b3a6efcf814f478d3d44ca9198db0d                              932d73_cb975b2988834abd8e5575dd7ef3e217                              932d73_aa499d030e8b4a409b547761cdf45342

                        БЕНЕФИТИТЕ НА Proellixe Vibration  ВРЗ ВАШЕТО ТЕЛО

  • Мускулен тонус и обликување на тело
  • Зголемена лимфна дренажа и забрзана циркулација
  • Детоксикација и подобрен метаболизам во масното ткиво како редукција на истото и намален обем
  • Зголеменото ниво на серотонин и ендорфин во крвта, подобро расположение
  • Зголемено ниво на растежни фактори кои соодветно и директно делуваат на anti aging процесот во вашето тело
  • Намалува продукција на кортизол (стрес хормони)
  • Зацврстува коски (подобрена состојба кај пациенти со остеопороза)

Proellixe Vibration  терапијата е соодветна за пациенти со многу медицински индикации вклучително и срцево болни, мултиплекс склероза, пациенти со остеопороза и мускулни трауми.

 

VIBROLIGHT

932d73_efbf392a6f7c4020b83a536b51f91931

VibroLight е најиновативна технологија во Европа за контурирање на тело и намалување на сите фази на целулитот.Станува збор за машина со уникатен дизајн кој комбинира осцилирачка платформа ProEllixe со интегриран систем за ласерска липолиза,кој исто така нуди LED и вакуум терапија.
VibroLight технологија овозможува постојана мускулна активност, моментална мобилизација на масти ослободени од страна на масните клетки, лимфна дренажна стимулација, без оштетување на околното ткиво и црниот дроб.

Vibrolight истовремено е комбинација на естетски третман и физички вежби, неопходни за согорување на мастите и го оневозможува нивното повторно депонирање.

Vibrolight е синоним на: ефикасноста и безбедноста во само неколку сесии со веднаш видливи, и долготрајни резултати.

Во само неколку минути, оваа методологија го: забрзува метаболизмот, ги елиминира мастите,ја стимулира дренажата и ја корегира силуетата.

ПРЕДНОСТИ НА VibroLight

  • Неинвазивно: Пациентите можат да ги извршуваат секојдневните активности и физички вежби веднаш по третманот.
  • Безболно: Пациентите не чувствуваат болка или непријатност во текот на постапката.
  • Безбедно: Клинички тестиран, не штети на околните ткива за време на ефектите на липолизата.
  • Одлични резултати: мускулна активност, ги елиминира мобилизираните масти, лимфна дренажна стимулација и намалување на целулитот.
  • Заштеда на време:Времетраењето на третманот,вклучувајќи го тренингот,е 22-28 минути.

ЗОШТО VibroLight Е ПОЕФИКАСЕН ОД ДРУГИТЕ LipoLaser МАШИНИ

VibroLight има вкупно 64 ласери за третман,додека водечките конкуренти имаат само 36.

 

932d73_62c894402cdd459690452d163d696bde

VibroLight цели:

(1) локализирани масти

(2) целулит во сите фази

(3) локализирано задржување на вода

Повеќето машини за липолиза можат да помогнат само доколку целулитит е омекнат. Едематозниот целулит е најтежок за третирање и не секоја машина за липолиза може да го отстрани. VibroLight има програма специјализирана само за овој тип на целулит!

VibroLight има вграден вакуум систем кој во текот на лекувањето:
– го промовира растот на колаген
– ја подобрува циркулацијата и  привлекува кислород и хранливи материи во текот на лекувањето.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

netОлгица Стојимировиќ

Сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

podocnjaci3

КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ПОДОЧНИЦИТЕ?

Што се подочници?

Подочниците се естетски проблем кој настанува од повеќе причини,кои најчесто се здружени.Се смета дека настануваат како последица на бројни дегенеративни промени при стареење.Токму поради тоа подочниците се сметаат за едни од главните знаци на стареењето.Се јавуваат и кај помлади но во тој случај се генетски предиспонирани.Подочниците се најчесто обележени со темноцрна пребоеност,оток и пигментација под очите.Најчесто настануваат поради слаба циркулација,успорен метаболизам,градбата и обоеноста на кожата.Нивниот развој зависи од генетиката,внатрешни и надворешни фактори.Со стареењето доаѓа до спуштање на лицето поради губење на поткожното масно ткиво,се зголемува растојанието помеѓу долниот капак и образот и настанува вдлабнатина во кожата која ги создава подочниците.Поради тоа лицето изгледа вдлабнато во тој дел,што дава изглед на болест,замор или старост.Главна карактеристика на младешкиот изглед се полни образи со минимално растојание помеѓу долните капаци и образите.Слабеењето на сврзното ткиво создава можност за продирање на масното ткиво кое ја исполнува очната шуплина,создава оток под очите и на тој начин се создаваат подочниците.

Што се ќесипод очите?

Ќеси под очите се дегенеративни промени кои настануваат како резултат на слабеење на сврзното ткиво под долните капаци,со што се создава вишок на кожа.При процесот на стареење масното ткиво кое ја исполнива очната шуплина и му дава потпора на окото,излегува нанадвор.Луѓето често ги нарекуваат ќеси под очите,но всушност се работи за подочници.Во вистинска смисла на зборот вишокот на кожа под очите создава ќеси под очи.

Дали има разлика помеѓу подочници и ќеси под очите?

Постои разлика,првенствено поради причината за нивното настанување.Подочниците се јавуваат кај помлади ,а ќесите под очите почнуваат да се создаваат после 35-тата година.Со текот на времето поради дегенеративни промени ќесите под очите честопати се здружени со подочници.

5257_Nivea-03_iff

Кои се причините за создавање на подочниците?

Причина за создавање на подочници може да биде генетска предиспозиција,пушењето,лоша циркулација,лоша исхрана,алергиски реакции или неправилен ритам на спиење.Најчесто појавата на подочници не претставува знак за заболување на внатрешните органи,но секако е јасен сигнал дека нешто треба да се превземе.

-Прва причина е стареењето,при што,со текот на годините,попуштаат лигаментите кои ги држат масните перничиња на подочниците,поради што тие стануваат впечатливи.

-Втора причина за формирање на подочниците е  постепеното губење на масното ткиво кое се наоѓа под нив.На тој начин подочникот станува поизразен и се чини поголем,и ако е со иста големина.

-Трета причина за појава на ќесите и темните кругови под очите е пореметување на циркулацијата во таа регија и нагласување на венскиот сплет.

 

Кои се ефикасни методи за отстранување на темните подочници?

promoitalia2

Карбокситерапија

Карбокситерапијата е во моментов најсилна метода за трајно подобрување на циркулацијата на кожата и поткожното ткиво.Процедурата се состои во апликација на медицински гас во ткивото,по што организмот по природен пат носи големо количество на кислород во третираната регија.Резулататот е огромна циркулација и оксидација на ткивото во третираната регија во текот на наредните 3 часа после процедурата.Подобрување во изгледот на капаците се гледа веднаш после првиот третман,но за постигнување на долготраен ефект потребно е повторување на третманите во текот на 8 недели.Процедурата не е болна и трае кратко.Се јавува благо црвенило 20 минути после апликацијата на гасот.

Кислородна терапија со витамински коктели

Длабинска хидратација и регенерација во две етапи:ултразвучно прочистување на порите и отсранување на мртвите клетки: и кислородно потхранување на кожата и безиглена мезотерапија со серум исклучиво наменет за зоната под и околу очите.Ефикасна и комфорна метода за отстранување на подочниците.

Мезотерапија

Мезотерапијата може значително да ја подобри бојата на подочниците,како и да ја намали големината на масната кеса.Резултатот е видлив после две спроведени процедури,а потребно е да се направат 4-6 третмани во текот на исто толку недели.

Хемиски пилинг

Хемискиот пилинг може да го поправи тонусот на кожата и да ја намали пигментацијата.

Третман со хијалуронски филер

Апликација на хијалуронска киселина во делот под очите и во јаболчниците може да го намали уморниот изглед на лицето и големината на подочниците.Трајноста на оваа интервенција е околу една година а процедурата е потполно безбедна.

PRP (Platelet Reach Plasma)

Тромбоцитната плазма е центрифугат од крвта на пациентот,која содржи голем број на тромбоцити,а со тоа и многу фактори на раст кои ги стимулираат процесите на регенерација на кожните клетки.Методата е потполно безбедна бидејќи немаме можност за алергиска реакција и други имунолошки реакции,бидејќи се користи плазмата од самиот пациент.Земената крв се центрифугира и од неа се издвојуваат тромбоцитите кои содржат фактори на раст.Со додавање на ДНК активатор,истите ги активираме.Потоа плазмата се вбризгува во кожата на пациентот со мезотераписка техника.Плазмата ги стимулира клетките на кожата да се регенерираат и повторно да изградат младо кожно ткиво.Со оваа метода успешно се третираат подочниците,но и целото лице.

Радиобранови

Со електромагнетната енергија се зајакнува циркулацијата и лимфната дренажа со создавање на нов колаген,а со тоа и задебелување на кожата.Потребни се 3-4 третмани,а резултатите се видливи неколку месеци после третманот,а ефектот се потенцира во наредните 12 месеци.Третманот е безболен и апсолутно комфорен.Истиот поволно влијае на отстранување на масното ткиво под очите и затегнување на кожата.

Биоревитализација

Биоревитализацијата е метода која во најкраток рок ја хидрира кожата,и истовремено ја подмладува.Најчесто се користат препарати на база на хијалурон,кој инаку се наоѓа во нашата кожа.

light-eyes-ultra

 

 

Сите процедури успешно ги применуваме во нашиот Центар а доказ за тоа се многубројните задоволни клиенти.Советуваме конзумирање на поголемо количество на вода,бидејќи водата е битен фактор за отстранување на подочниците,особено при третманите.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

net

 

Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

CELLUITE

НАЈСИЛНОТО ОРУЖЈЕ ВО ВОЈНАТА ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ – PRP ТЕРАПИЈА

Со години, таблоидите го зумираат целулитот на бутините, задникот, рацете и стомакот на безброј актерки и модели на плажа. Статистички гледано,во перид после пубертет,целулитот е застапен кај 80-95% од жените. Целулитот влијае на жените без разлика дали тие се дебели или слаби, млади или стари, и без оглед на расата. Сепак, тој не е непобедлив. Неколку опции се достапни за значително намалување на целулитот, од кои најновиот третман е плазма богата со тромбоцити, или “PRP”.

Причини за појава на целулит

За да се ​​разбере како делува PRP на целулитот, треба да се тргне од тоа кои се причини за негова појава,и тука ќе ги наведеме:

-Генетиката

-Телесната тежина

-Слаба циркулација

-Хормоните

-Оштетување од сонцето

-Пушењето

-Лошата исхрана

-Пол

-Физичка активност

cellulite treatment

Прекумерната тежина, секако, ја зголемува појавата на целулит. Два случаи влијааат на зголемување на појавата на целулитот. Едната од нив е проширувањето на масните клетки и протекување надвор од нивните оддели и во дермисот, туркање нагоре и создавање на релјефаст изглед. Друг механизам кој предизвикува изглед со  длабоки дупчиња или “кора од портокал”  вклучува зацврстување и затегнување на колагенот на кожата, кој се повлекува од површината на кожата надолу,при што се создадаваат вдлабнатини. Друг фактор кој влијае на појава на целулит е дали кожата е тонирана или не. Кај пациенти со  лабава кожа, целулитот се појавува во вид на ленти. Стимулирање на колаген и поправка на структурните проблеми на кожата е она што треба да се направи за подобрување на изгледот.

Како делува PRP врз целулитот?

Од 1970, PRP (плазма богата со тромбоцити) се користи за различни процедури, како што се операција на срцето, поправка на меките ткива во процедурите во пластична хирургија, како и во ортопедијата за лекување на коленото-артритис. PRP стана добро познат поради медиумското покривање на овој не хируршки третман за спортски повреди кај спортисти, вклучувајќи го Тајгер Вудс и американскиот бејзбол играч Алекс Родригез. Злогласниот “вампирски третман” на Ким Кардашијан влијаеше на зголемување на интересот за користење на PRP за стимулирање на колаген со цел да се задржи во кожата за да биде млада и еластична. Друга употреба на PRP е подобрување на изгледот со намалување на целулитот.

PRP

Третманот подразбира земање на крв која се става во специјална центрифуга при што истата се центрифугира неколку минути, додека компонентите се разделат, оставајќи слој богат со тромбоцити. Откако е изолиран слојот богат со тромбоцити, се инјектира назад во местото на повреда, или во случај на целулит или на место на оштетена кожа. Концентрираните тромбоцити предизвикуваат телото природно да се лекува преку стимулирање на фактори за раст и цитокини. Третманот обично трае помалку од еден час. PRP може да се користи како единствен третман за целулит, или во комбинација со други третмани. PRP-то не ги топи масните клетки, сепак овозможува создавање на поздрава структура на кожата која е потребна за да се намали појавата на целулитот во текот на подолг рок.

masazom-protiv-celulita-10-rucnih-anticelulit-masaza-u-centru-grada-5605-4

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

ingles

ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕР ЗА ИНТИМНА УБАВИНА НА ЖЕНАТА- SKINFILL BUTTERFLY

Статистиката покажува дека една од шест жени има проблеми со вагинална сувост.Вагинална и/или вулварна сувост може да се јави во било кој период од животот на жената,без оглед на тоа дали е јатрогена или предизвикана од менопаузата,особено во отсуство на хормоналната супституција.

Во текот на менопаузата доаѓа до намалено лачење на естрогенот,кое делува  на фибробластите,и доведува до прогресивна хипотрофија на кожата со израмнување на дермо-епидермалниот спој:

Вагиналната мукоза станува сува (сврзното ткиво е потенко,послабо васкуларизирано и помалку хидрирано) како и кожата во целина.

Клетките на жлездите се послабо нахранети,стануваат атрофични,а нивната функција е намалена и успорена.

Кожата ја губи својата еластичност.Влакната на колагенот и еластинот се дегенерираат и нивниот вкупен број се намалува,фибробластите стануваат хипоактивни и колагенот од типот 3 се зголемува до нивото на колагенот тип 1.

Како резултат,кожата ја губи еластичноста,а сувоста и фрагилноста на кожата се зголемуваат.Опаѓањето на нивото на естрогените во менопаузата доведува до хипотрофија на “големите усни”(labia majora) која е пратена со сувост на вулвата.

vaginal-rejuvenation

Атрофијата и хипотрофија на големите усни се во корелација со губењето на масната компонента и општата хипотрофија на кожата и поткожното масно ткиво.Ваков наод е последица на генетска предиспозиција или се јавува во почетните фази на постменопаузата.

Во двата случаи,големите усни се мали,дури и не се приметуваат,недоволно ја штитат вулвата која станува сува,иритирана и предизвикува чувство на непријатност и чешање,особено при триење кое се јавува со носење на тесна гардероба или при спортување.

Хипотрофија на labia majora може да се појави и порано (околу 37 година) како последица на конституционална предиспозиција,рана менопауза,начинот на живот и тн.,а во најголем број од случаи,првите симптоми на хипотрофијата се јавуваат подоцна,во просек околу 46 година од животот на жената.

Promoitalia, секогаш внимателна кон потребите на пазарот, разви нов,хијалуронски филер, специјално наменет за вулварната област, кој има за цел да ги врати нормалните функции, да се подобрат и решат сите дисфункции поврзани со оваа област, кои,до денеска биле запоставувани или се сметало за невозможно нивното решавање.

46062_104217362972412_8179809_n

Skinfill Butterfly e совршен спој на технологија и едноставност, но, исто така, од големо знаење и истражување, кој произлегува од повеќе од 25 годишното искуство на Promoitalia во областа на естетска медицина.
Станува збор за филер на база на вкрстена хијалуронска киселина кој се употребува за враќање на волуменот на големите усни, labia majora, и за преобликување на венериниот или срамен брег,mons veneri,особено корисен за подобрување на надворешниот изглед на гениталиите и враќање на изгубениот волумен со текот на годините,рехидратација,биостимулација и обновување на активноста на фибробластите со цел одржување на оптималната функција на ткивото на гениталиите кај жените.

Skinfill  Butterfly е деликатен филер со уникатна структура, со висока молекуларна тежина,кој обезбедува оптимални резултати на полнење и, пред сè,ја подобрува структурата на кожата и ја зголемува нејзината еластичност и цврстина.
Постапката е едноставна и безболна,која се одвива на нежен начин и без употреба на локална анестезија.
Skinfill Butterfly не е класичен филер наменет за пополнување на волуменот  на ткивото,туку технолошка еволуција за подобрување на симптомите и корекција на вулво-вагиналните анатомски промени, и нежен третман кој дава мекост и пред се безбедност и задоволство.
Skinfill Butterfly е еволуција во естетската медицина посветена на концептот на женската еволуција.

vagina-before-after

 
СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

net

Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

image1-300x218

ЕСТЕТСКИ ТРЕТМАНИ ЗА МАЖИ

Водење сметка за физичкиот изглед стана составен дел од животот на современиот маж.

Резултатите од бројни истражувања покажуваат дека се повеќе мажи користат услуги на естетска медицина.Постојат голем број на причини кои доведуваат до тоа да припадниците на посилниот пол го посетуваат нашиот Центар.Подигањето на свеста за безбедноста и ефикасноста на третманите и користење на модерните технологии се само дел од причините поради кои мажите ја препуштаат грижата за својот изглед на стручњаците по естетска медицина.Покрај тоа,младешкиот и негуван изглед ја носи неопходната самодоверба за успех.

Третманите кои се на располагање во нашиот Центар се погодни за мажи,и се во склад со нивните индивидуални потреби.

НЕГА НА ЛИЦЕ ЗА МАЖИ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА СВОЈОТ ИЗГЛЕД

Со оглед на тоа што мажите се под поголем стрес и оптеретување,нивната кожа бара посебна нега.Третманите кои ги нудиме имаат за цел да во што пократок рок ги исполнат очекувањата и истите се дел од здравствената нега на мажите.

 

image2-300x200

Машката кожа на лицето се разликува од кожата на жените.Мажите имаат поцврста и подебела кожа,и може да врзе повеќе хијалуронска киселина,поради што подолго го задржува квалитетот и тонусот.И ако кожата кај мажите е посилна и пооотпорна на надворешните влијанија,и таа бара потполна нега со која ќе се смири надразливоста и црвенилото,ќе се зголеми еластичноста и ќе се измазнат брчките.

Првите знаци на стареење на кожата на лицето се манифестираат со појава на брчки и промени во пигментацијата на кожата,а не ги заобиколуваат и припадниците на посилниот пол.Брчките се јавуваат поради тоа што кожата губи еластичност,а до тоа,покрај природниот процес на стареење допринесуваат и пушењето,недостаток на сон,долготрајна изложеност на кожата на сончеви зраци.

 

botox-inject-yng-man3

Во современи неинвазивни методи кои ги користиме кај мажите спаѓаат:лифтинг на лице со радиобранови,кислородна терапија со мезококтели,биоревитализација,мезотерапија,хемиски пилинзи,отстранување на подочници,ласерско отстранување на влакна на лице,хијалуронски филери,ботокс,лифтинг на лице со конци,отстранување на подбрадокот,PRP третман,ласерско подмладување и регенерација на кожата.

ЗДРАВО И НЕГУВАНО ТЕЛО-ИМПЕРАТИВ НА СЕКОЈ МОДЕРЕН МАЖ

Грижата за изгледот е тесно поврзана со грижата за здравјето,а таа поврзаност ја препознаваат и современите мажи.Под влијание на бројни фактори кожата ја губи еластичноста,па можат да се јават стрии и други неправилности кај мажите.Стомак без масни наслаги,затегната кожа без флеки и лузни лесно се постигнуваат со современите третмани и примена на иновативните технологии и врвни препарати во нашиот Центар.

 

screen_shot_2013-06-20_at_3.57.07_pm

Третмани за тело кои најчесто се употребуваат се:радиобранови за тело,криолиполиза,мезотерапија за топење на масните наслаги,ласерското отстранување на влакна,ласерското отстранување на тетоважи и лузни,спречување на прекумерното потење под пазувите,дланките и стапалата,затегнување на кожата на телото со конци,липоскулптура и липофилинг,хијалуронски филери за интимната зона кај мажите,како и третмани за спречување на опаѓање и поттикнување на раст на косата.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

net

 

Олгица Стојимировиќ

Сопственичка на Anti Аging Center by Promoitalia,Скопје

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/

 

 

close up of woman undergoing cosmetic surgery

КОНТУРИРАЊЕ НА ЛИЦЕ СО ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕР – LIQUID FACELIFT

 Како што старееме нашето лице го губи колагенот,еластинот и масното ткиво.Губењето на волуменот на лицето и еластичноста доведува до создавање на црти на лицето и формирање на брчки.Со употреба на напредни дермални филери,најчесто во комбинација со ботулински токсин- Dysport,во нашиот Центар успешно постигнуваме хармонично подмладување.Овој револуционерен,нехируршки пристап во третирањето на паднатиот тонус на лицето се нарекува Liquid Facelift.

 

Liquid-Face-Lift-300x200

 

Хируршката процедура за подигање на волуменот на лицето честопати доведува до губење на природниот изглед на пациентот а притоа да не се доведе до посакуваниот и планираниот резултат.Со навремена употреба на хијалуронски филери тонусот на кожата и на мускулите се задржува во текот на целиот живот,па со тоа и употребата на хируршките процедури значително се намалува или одложува.

Располагаме со префинета техника со која се фокусираме на подигање и контурирање на лицето,со која се мазнат и брчките.

Со Liquid Facelift може да се постигне следното:

  • Лифтинг на одредени делови или на целото лице
  • Мазнење на брчките
  • Санирање на природните криви контури на лицето
  • Одморен и енергичен изглед

Третман со хијалурон

Порано хијалуронската киселина била супстанца која се користела исклучиво за пополнување на назолабијалните брчки,т.е. брчки кои се протегаат од аголот на носот до аголот на усните.Напредната технологија на Promoitalia ни ги приближи филерите од најновата генерација кои се различни големини на молекулите,како и варијација на густината,со чија употреба се овозможува  враќање на изгубениот волумен на лицето.Пополнувањето на брчките и надокнада на волуменот дава долготраен и природен изглед после третманот.Стравот кај пациентите да не изгледаат како поедини јавни личности лесно се елиминира со умерена апликација на филер само на местото каде ткивото го изгубило природниот волумен.За во потполност да се разбере бенефитот од оваа процедура треба да се потсетиме дека хијалуронот е всушност полисахарид кој приридно се наоѓа во нашата кожа.Токму поради тоа,лицето после процедурата изгледа потполно природно и меко а способноста на хијалуронската киселина силно да се врзе за водата на кожата и дава дополнителна еластичност и хидратација на ткивото кое е зафатено со третманот.

liquid-facelift-port-macquarie

 

Што да очекувате после третманот?

Една од најдобрите работи во врска со Liquid Facelift-от е во тоа што нема потребно време за опоравување,и во повеќето случаи пациентите можат да се вратат на секојдневните активности веднаш.Токму затоа ова е процедура која може да се направи за време на паузата за ручек и да се вратите веднаш на работа без модринки.Резултатите од хијалуронскиот филер можете да ги видите веднаш, а ефектот кој го дава ботоксот е видлив после 7-10 дена од процедурата.

Liquid-Facelift_Restylane_Before-After

Траењето на ефектот

Должината на резултатите зависи од неколку фактори,од кои најзначајни се

  • Производот кој се користи
  • Делот на лицето во кој се инјектира.

Линиите и брчките во делот од лицето кој не се движи многу,како што се брадата,јаболчниците и подочниците,може да имаат подолготрајни резултати отколку линиите  во деловите на лицето кои постојано се движат,усните на пример.Во принцип резултатите траат од 6 месеци до 2 години.

 

soft-lift-before-and-after-9

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/