ТОПЕЊЕ НА МАСНИ НАСЛАГИ – ЛИПОЛИЗА

Липолизата е медицинска процедура за топење и отстранување на несакани  масни наслаги на телото,со помош на која можеме да го измениме обликот на одредени делови на лицето и телото.

На кои делови од телото липолизата најчесто се применува?

Липолизата најчесто ја применуваме на деловите од телото кои со упорно вежбање или диета не можат адекватно да се обликуваат.Најчесто методата се применува на стомак,колковите,бутините,задникот и подбрадокот.

Која супстанца се користи во третманот?

Користиме мезотераписки коктели Celluform и Celluform Plus,кои содржат ензими,кои инаку со години наназад се користат по венски пат за прочистување на црниот дроб од масти,како и при превенција на масната емболија.Со нивната примена,активните состојки доведуваат до пукање на мембраните на масните клетки во третираната зона,и до излевање на нивната содржина во околното ткиво.Оттука,на природен начин,преку крвоток,мастите се транспортираат до црниот дроб и оттаму се исфрлаат од нашиот организам.Со оваа процедура не се менува нивото на холестерол и триглицериди во крвта.

_1364973761_586f_p

Од кога се користи методата на липолиза?

Наведените активни состојки се користат од 1995 година во естетската медицина за преобликување на лицето и телото.

Како изгледа третманот на липолиза?

Третманот на липолиза се состои во апликација на липолитик ( Celluform или Celluform Plus ) со микроинјекции директно во масното ткиво на третираната регија.Постапката на самата апликација на липолитикот е безболна,но околу 15 мин по процедурата се добива чувство на пецкање или чешање,црвенило и оток на третираната регија.После 2 часа од третманот црвенилото и болката се губат, а отокот може да трае и до 2 недели после третманот.Наредните 6-8 недели постои осетливост во третираната регија на притисок.Ефектот од третманот се согледува месец дена после апликацијата,а крајниот резултат е после 2 месеци.

Колку трае третманот на липолизa

Третманот трае 20-30 минути и овозможува враќање на секојдневните активности веднаш после интервенцијата.

Дали постои предност на липолизата во однос на липосукцијата?

Да.Предноста на липолизата во однос на липосукцијата е во невозможност за создавање на нерамнини во третираните регии и фиброза.

309333a19a158bf46ec217bd7c984a67

Колку третмани се потребни?

Една регија се третира со 3-4 третмани до постигнување на саканиот ефект.Процесот на разградување на масните клетки е спор а липолитикот делува на кожата така што дополнително ја зацврснува и не дозволува настанување на вишок на кожа после топење на масните наслаги.Во зависност од количеството на масното ткиво кај пациентот,понекогаш е доволен и само еден третман.

Дали постојат компликации во текот или после третманот?

Во текот на третманот може да се направат модринки.3 дена после третманот може да се започне со масажи и вообичаено вежбање.Се препорачува внес на 1,5-2 литри вода дневно.

Дали ефектот е траен?

Ефектот е траен кај пациенти кои не ги зголемуваат килограмите.Во обемот се губи 1-10 цм во зависност од регијата која се третира.Липолизата не е метода за губење на килограмите.Разликата во тежина пред и по третманот е скоро идентична,освен доколку пациентот не е на рестриктивна диета.

Кај пациенти алергични на соја и витамин Б не се препорачува третманот липолиза.

 

15181330_1178279502248328_2390816048833911050_n

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/