Претпразнично изненадување за дечињата од Детската-клиника
Во духот на новогодишните празници и празнувањето, првиот центар против стареење во Македонија, Promoitalia, посака да ги изненади дечињата од Детската-клиника во Скопје со интересен новогодишен подарок.
Имено, децата од Детската-клиника вчера се здобија со убаво украсена новогодишна елка, накитена на несекојдневен начин, токму од вработените на центарот, со безброј шарени и светкави лампиони и мечиња, кои закачени на елката предизвикаа голема радост и воодушевување.
„Секогаш децата се оние што треба да ни бидат инспирација да се потрудиме да бидеме почовечни и похумани, не само за време на празниците, туку и во текот на целата година. Тие се нашата иднина и токму нивната среќа и благосостојба треба да бидат приоритет кај секого од нас.“, изјави Олгица Стојимировиќ, сопственичка на првиот центар против стареење во Македонија, Promoitalia.
Голема благодарност до сопственичката на центарот, изрази и директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, проф. д-р Аспазија Софијанова, која како и дечињата, не ја криеше својата воодушевеност од подарокот и од убавиот гест да им се разубават празниците токму на децата што престојуваат во клиниката за време на новогодишните празници.