All posts by webadmin

Отворен ден во првиот Antiaging центар во Македонија

Warning: Undefined variable $use_excerpt in /home/antiagingcenter/public_html/wp-content/themes/BTSAFbasic/includes/post-templates/entry.php on line 72

Модерниот начин на живот доведува до предвремено стареење, а стресното секојдневие го напаѓа здравјето на луѓето. Хроничниот стрес е најновата модерна болест која зафаќа сè поголем број на луѓе, кои без разлика на нивната возраст забрзано стареат. Поради тоа научниците во последната деценија се трудат да ја развијат медицината и да наметнат нови трендови. Токму, естетската и антиејџинг медицина се вистински хит во светот. Promoitalia е светски познат бренд кој потекнува од Италија и постои повеќе од 25 години и истиот претставува синоним за иновативност и успех во полето на естетската медицина. Овој бренд кој е создаден преку голем број на научни истражувања во комбинација со генијални идеи, од минатата година постои и во Македонија, единствен на Балканот. На 19-ти март првиот антиејџинг центар во Македонија имаше отворен ден, т.н. Casa Aperta, на кој беа поканети сите граѓани кои имаа ексклузивна можност на лице место да пробаат дел од уникатните третмани на Promoitalia, да прошетаат низ просториите, но и да разговараат со стручните медицински лица. „Навистина сме изненадени од големата заинтересираност на граѓаните, кои вчера во текот на целиот ден доаѓаа во нашите простории за да се уверат во тајните кои ги има естетската медицина. Трендовите во светот одат кон тоа да секој човек повеќе обрнува внимание на своето здравје и својот изглед, а Promoitalia е врвно име кога станува збор за задоволување на естетските и здравствени потреби на луѓето на професионален и технолошки напреден начин, а со тоа тие да се чувствуваат убаво и среќно. Ме радува фактот што вчера на Casa Aperta кај нас дојдоа и мажи за да се погрижат за своето здравје и да го задржат мледешкиот изглед и со тоа паѓаат во вода сите верувања дека само жените се интересираат за естетската медицина,“ изјави Олгица Стојимировиќ, сопственичка на првиот центар против стареење во Македонија.

Warning: Undefined variable $blog_type in /home/antiagingcenter/public_html/wp-content/themes/BTSAFbasic/includes/post-templates/entry.php on line 31

Предпразнично изненадување за дечињата од Детската Клиника

Warning: Undefined variable $use_excerpt in /home/antiagingcenter/public_html/wp-content/themes/BTSAFbasic/includes/post-templates/entry.php on line 72

Во духот на новогодишните празници и празнувањето, првиот центар против стареење во Македонија, Promoitalia, посака да ги изненади дечињата од Детската Клиника во Скопје со интересен новогодишен подарок.

Имено, децата од Детската Клиника вчера се здобија со убаво украсена новогодишна елка, накитена на несекојдневен начин, токму од вработените на центарот, со безброј шарени и светкави лампиони и мечиња, кои закачени на елката предизвикаа голема радост и воодушевување.

„Секогаш децата се оние кои треба да ни бидат инспирација да се потрудиме да бидеме почовечни и похумани, не само за време на празниците, туку во текот на целата година. Тие се нашата иднина и токму нивната среќа и благосостојба треба да бидат приоритет кај секого од нас.“, изјави Олгица Стојимировиќ, сопственичка на првиот центар против стареење во Македонија, Promoitalia.

Голема благодарност до сопственичката на центарот, изрази и директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, проф. Д-р Аспазија Софијанова, која како и дечињата, не ја криеше својата воодушевеност од подарокот и убавиот гест да им се разубават празниците токму на децата кои престојуваат во клиниката за време на новогодишните празници.

Warning: Undefined variable $blog_type in /home/antiagingcenter/public_html/wp-content/themes/BTSAFbasic/includes/post-templates/entry.php on line 31

Warning: Undefined variable $blog_type in /home/antiagingcenter/public_html/wp-content/themes/BTSAFbasic/includes/post-templates/entry.php on line 31

Warning: Undefined variable $blog_type in /home/antiagingcenter/public_html/wp-content/themes/BTSAFbasic/includes/post-templates/entry.php on line 31

Празнични радости за дечињата од Здр. за умствен развој на деца

Warning: Undefined variable $use_excerpt in /home/antiagingcenter/public_html/wp-content/themes/BTSAFbasic/includes/post-templates/entry.php on line 72

Декември е еден од највеселите месеци, а како одбројуваат деновите пред Новата година, така еуфоријата и празничната атмосфера го зафаќаат секого од нас, особено децата. Овој дел од годината е најубавата шанса на некое дете да му го разубавите секојдневието и да му подарите нешто кое што пријатно ќе го изненади.

Првиот специјализиран центар против стареење во Македонија, Promoitalia, продолжува да не изненадува со својата овогодошна акција по повод новогодишните и божиќните празници.

Имено, по неодамнешната посета на Детската Клиника во Скопје, кога ги изненади и израдува дечињата сместени на таа клиника, подарувајќи им новогодишна елка со полно подароци, вчера ги посети и децата и персоналот во Куманово, кои се ангажирани околу спроведувањето на програмата Brainobrain.

Здружението работи со лиценцирани програми за развој на ментални и интелектуални вештини кај децата во предучилишна и училишна возраст и развој на функционалното здравје, каде акцентот е особено ставен на талентираните деца.