ЛАСЕРСКО ЛЕКУВАЊЕ НА АКНИ

Ласерско лекување на акни е брза, безбедна и ефикасна метода со која успешно се лекуваат комедогени, папуларни, папулопустуларни и цистични акни.

 

Етиологијата за појава на акни сеуште не е во потполност позната. Се смета дека четири фактори се пресудни, а еден од нив е населување на микроорганизми. Во пубертет се активираат себацеални жлезди па кожата станува помрсна и погодна за развој на микроорганизми.

Посебно е значајно населувањето на липофилната бактерија Propionbacterium acnes.

Propionbacterium acnes се наоѓа во самата себацеална жлезда и на површината на кожата, ја нема во дермисот. Бактеријата ослободува бројни ензими, протеолитични, липолитични и сахаролитични. Продуктите од разградувањето настанати под дејство на овие ензими дифундираат од себацеалните жлезди во дермисот и таму развиваат воспаление. Овие разградни производи предизвикуваат хемотакса на различни леукоцити, најмногу на неутрофилите, и го активираат имунолошкиот систем. На површината на кожата ова се манифестира како воспаление. Бројот на бактерии е пропорционален на количината на себумот па целта во терапијата на акни е да се редуцира бројот на присутни бактерии и да се намали лачењето на себумот. Токму тој ефект се постигнува со примена на ласер во терапијата.

 

Како делува ласерот?

Ласерот за акни, благодарение на комбинацијата на светлосната – оптичка енергија и енергијата на биполарните радиобранови, делува директно на себацеалните жлезди во кожата. Спектарот на сина светлина влијае директно на Propionbacterium acnes во каналите на себацеалните жлезди. Доаѓа до фотодинамичка реакција помеѓу плавата светлина и фотопорфирините кои се составен дел на бактериската мембрана (фотоосетливи молекули), што резултира со оксидација и ослободување на слободните радикали кои доведуваат до оштетување на клеточната мембрана и потполно уништување на бактериите. Бројот на Propionbacterium acnes се редуцира и се стопира процесот на инфламација во себацеалните жлезди. Црвениот и инфрацрвениот дел на светлосниот спектар, како и биполарни радиобранови имаат термички ефект на подлабоките делови на себацеалните жлезди, што резултира со намалена продукција на себум.

 

Дали третманот е болен?

Секоја индивидуа има своја специфична, различна реакција и сопствено искуство поврзано со доживувањето на третманот, кој трае од 5-30 минути, во зависност од регијата која се третира. Во повеќето случаи ласерското лекување на акни е сосема пријатен третман и покрај тоа што благото чувство на пецкање е вообичаено.

 

Колку третмани се потребни и кога се гледаат првите резултати?

Ласерското лекување на акни е безбеден и ефикасен третман кој се спроведува во серија од 2-4 третмани, на растојание од една недела. Резултатите се индивидуални бидејќи секогаш постојат клиенти кои реагираат побрзо или поспоро, но кај повеќето подобрувањето се гледа веднаш после првиот третман.

 

Дали се потребни дополнителни третмани?

Со ласерот се третираат постоечките акни, но генетските и енвиронментални фактори можат да предизвикаат појава на нови акни, па понекогаш после првата серија е потребно да се направат и дополнителни третмани.

 

Што е потребно да се знае пред и по ласерските третмани за акни?

Различни фактори, како што се храна, физичка активност, животни навики и слично имаат индивидуално влијание на појавата и степенот на инфламација на акните, па е неопходен консултативен преглед пред избирање на тераписки протоколи.

По спроведување на тераписки ласерски третмани неопходно е да се продолжи со соодветна нега на кожата на лицето и придржување кон дадените рекомендации. Заради одржување на постигнатите ефекти, потребно е повремено да се спроведуваат третмани за чистење на лице, особено кај лицата со мрсна кожа и проширени пори, со што се спречува појава на нови воспалителни процеси и акни.

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia. 

net

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia,Скопјe

https://www.facebook.com/AntiAgingCenterMK/

https://www.instagram.com/antiagingmk/