МЕЗОТЕРАПИЈА

Мезотерапија е метода со која витамини, минерали, антиоксиданси и останати активни компоненти се вбризгуваат директно во третиот слој на кожата во кој се наоѓаат ситни крвни садови, мезодерм. Со мезотерапијата се добива интензивна хидратација и исхрана на кожата, а процесот на стареење значително се успорува.

Првата употреба на мезотерапијата била со цел редукција на болката. Мезотерапијата прв ја применил М. Пистор 1952 година во Франција. По објавувањето на неговиот труд мезотерапијата почнала да се употребува за намалување на целулит, масни наслаги и подобрување во исхраната и изгледот на кожата.

Со текот на стареењето кожата доживува промени како што се губење на текстурата и еластичноста, нееднаквост во пигментација, се губи поткожното масно ткиво, се намалува циркулацијата на кожата, а на нејзината површина се приметуваат проширените капилари. Повеќето од споменатите промени настануваат поради намалување на функцијата на фибробластите, под влијание на УВ сончевото зрачење, слободните радикали, штетното влијание на надворешната средина. Со аплицирање на антиоксиданси, витамини и аминокиселини се овозможува директно снабдување на крвните садови со сите потребни состојки.

 

Како мезотерапијата делува на кожата?

Површинскиот слој на кожата има функција на бариера кон влијанијата од надворешната средина, со што го штити нашиот организам но и не дозволува ресорпција на повеќе од 10% на активните состојки кои постојат во регенеративните креми.

Целта на мезотерапијата во процесот на подмладување на кожата е зголемување на активноста на фибробластите, клетките одговорни за продукција на колаген, еластин и хијалурон во кожата како и апликација на полна концентрација на активните компоненти неопходни за здрава и младешка кожа. Со повторување на процедурата се намалува длабочината на брчките, се зголемува количеството на колаген а со самото тоа се подобрува и тонусот на кожата.

 

Кои супстанци се користат при мезотерапија?

Можат да се користат стерилни супстанци кои содржат една активна компонента (хијалуронска киселина, витамин Ц, витамин А, аминокиселини) или пак се користат коктели од наведените состојки во зависност од целта која што сакаме да ја постигнеме.

 

Како изгледаат третманите со мезотерапија?

Се работи за серија на терапии, најчесто од 3-4 третмани. Во зависност од материјалот кој се користи третманите можат да бидат на 1-2 недели или на месец дена. Оддржувањето се работи еднаш во два месеци или со повторна серија по 6-8 месеци. Самата процедура најчесто се состои во аплицирање на стерилни коктели со минијатурни убоди, до 2 милиметри длабочина на секој сантиметар ширина на површината на кожата.

 

На кои делови од телото се работи мезотерапија?

Мезотерапијата се работи на лице, врат, деколте, рацете или бутините.

Втора битна индикација за мезотерапија е редукција на целулитот. Во тој случај се користат состојки кои ги топат масните наслаги, ја забрзуваат циркулацијата, овозможуваат подобра дренажа или имаат диуретичко дејство.

 

Колку третамани на мезотерапија се потребни за редукција на целулит?

Потребни се 2-3 третмани за да се забележи резултатот. Бројот на третмани е индивидуален и зависи од возраста, третираната регија, како и животните навики на клиентот (исхрана, пушење, изложување на сончеви зраци и тн.). После серија од 8-10 третмани имаме голема редукција на целулит а кожата станува поцврста и поздрава.

 

Дали мезотерапија и липолиза се исти процедури?

Мезотерапија и липолиза се различни процедури и често се комбинираат за да се добие задоволителен ефект. Мезотерапија за целулит идеално е да се прави во зимскиот период.

 

Кои се контраиндикации за третманот мезотерапија?

Контраиндикации за мезотерапија се: автоимуни заболувања, пореметување во коагулацијата на крв, бременост, дијабетес, бактериски инфекции на кожата.

Мезотерапијата може да биде извонредна во комбинација со други естетски процедури како што се третман со хијалуронска киселина, третман со ботокс, хемиски пилинзи, лифтинг.

wellness

Promoitalia – лидер во областа на естетиката, естетската медицина и пластичната хирургија, располата со палета на производи :

  • Мезококтели за лице, тело и коса.
  • Подготовки за контурна пластика на лицето и телото (вклучувајќи ја и вагиналната).
  • Мезоролери.

Групацијата Promoitalia е меѓународна компанија која е лидер во естетиката, естетската медицина и пластичната хирургија.

Promoitalia Group е основана во 1993 година од Валерио Матано.

Мисијата на компанијата повеќе од 20 години е иновација. Нејзината задача е секогаш да пронајде и да понуди нови решенија на естетскиот пазар преку соработка со истражувачки центри и медицински универзитети низ целиот свет.

 

Биоревитализирачки коктели на Promoitalia се за лице, тело и за стимулирање на раст на косата.

12 различни формули – 12 различни процедури

0_p1a1vmgqphejq1nqp58bp3a7g94

VIT: JAL – Уникатна комбинација на витамини и хијалуронска киселина во еден производ. Се користи за измазнување на брчките, регенерација и хидратација на кожата, нега на кожата со намален тургор, со знаци на хроно и фотостареење.

NUCLEONIX DNteA – е коктел на нуклеотиди на ДНК, екстракт од зелен чај и спирулина. Ја обновува кожата по пилинг, козметичка хирургија, пореметување на хормоните за време на менопаузата.

IDEBAE Antiaging Idebenone + DMAE – Idebenone: ефективен антиоксиданс со моќен ефект против стареење, аналог на коензим Q10. DMAE: го зајакнува тонусот на мускулите, ја зацврстува кожата, ги намалува брчките, го израмнува релјефот на кожата, го намалува воспалението.

UP GRADE – е нов ефективен мезококтел за терапија против стареење. Комбинација на хијалуронска киселина, глицерин, пептиди, амино киселини (20), витамини од групата Б, антиоксиданти. Индикации за употреба на коктелот: дехидрирана, задушена, оштетена, стресна кожа, брчки на вратот и деколтето.

FIXER Aging Stopper – вистинска алтернатива за употребата на ботулински токсин со дејство на мускулен релаксант,од растително потекло, кој, благодарение на синергистичкото дејство на 4 активни состојки, ги измазнува брчките.

WHITE IN Арбутин – природна молекула од капина,со силен дезинфекциски и избелувачки ефект. “White In” врз основа на Арбутин ги подобрува несовршеностите на кожата предизвикани од промена на бојата на кожата и хиперпигментација.

LIGHT EYES – луксузен мезококтел за деликатна периорбитална област. Комбинација на хијалуронска киселина, екстракт од Рускус, екстракт од капина, екстракт од рузмарин, антиоксиданси. Индикации за употреба на коктелот: темни кругови под очите, оток, брчки околу очите. Ја подобрува микроциркулацијата, еластичноста на периорбиталната зона. Малите брчки се намалуваат.

HAIR + Revitalizing – е ефективен коктел за забрзување на раст на косата и проблеми со алопеција.

REVITAL Тonic – е формула добиена од папаја ензими, екстракти на дињи, аминокиселини, витамини и антиоксиданти: алфа-липоева киселина и N-ацетилцистеин. Се користи за ревитализација и тонирање на кожата. Ја зголемува ревитализацијата и еластичноста, го подобрува релјефот на кожата.

PROSHOCK Shape – е моќна и ексклузивна формула која содржи растителни ензими и метаболни активатори за третман на фиброзен целулитис. Коктел од растителни ензими и метаболни активатори, кои имаат за цел да го разложат фиброзниот целулит и да го намалат ефектот на кора од портокал. Колагеназата врши балансирачка улога, катализирајќи ја дезинтеграцијата на стариот и активирањето на синтезата на новиот колаген.

CELLUFORM – препарат за хемиска липосукција и регенерација на дермисот истовремено. Содржи такви активни компоненти како Фосфатидилхолин, кои се користат во третманот на целулит и задржување на течности во ткивата.

 

 

СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.

 

 

Олгица Стојимировиќ,

Сопственичка на Anti Aging Center by Promoitalia, Скопје